9 стереотипи за депресијата која е болест на модерното време

Сподели

Како болест на модерното време, депресијата е одговорна за многу самоубиства. Таа е тивка и речиси незабележителна, но е скриен убиец. Ги убива позитивните мисли, влијае негативно врз однесувањето и целокупното животно функционирање. Во продолжение дознајте кои се најчестите стереотипи поврзани со неа.

Реклама

rn

1. Депресијата е тага

rnПостојаната тага е само еден симптом на депресија. Покрај чувството на депресија луѓето со ментални нарушувања можат да доживеат и други емоции (вклучувајќи и радост) или емоциите да отсуствуваат. Личноста која ни изгледа позитивно може долго да страда од депресија, а нејзината насмевка и весела смеа се само обиди да се потисне внатрешното репресивно чувство.rn

2. Депресијата е измислена болест

rnЕдна од најголемите заблуди е дека можете едноставно да се извлечете од депресијата. Многумина веруваат дека „сите проблеми се само во нашата глава“ и дека лесно можат да се исфрлат потешкотиите ако личноста размислува за нешто убаво или ако стане од креветот и појде во теретана. Секако дека вежбањето може да помогне, но не на долг рок. Депресијата е болест при којашто хемиската нерамнотежа е надвор од контрола.rn

3. Депресија – последица на стресни ситуации

rnЧесто се чини дека депресијата се јавува само кога ќе се случи нешто лошо. Може да се случи во текот на периодот на соочување со тагата или некоја стресна ситуација, но не е нужно. Според лекарите, депресијата може да биде генетска која ги вклучува хемиските невротрансмитери во мозокот. Тоа значи дека депресивните епизоди можат да се појавуваат често без никаква причина. Ако мислите дека вашата сакана личност е во тешка депресија, пробајте да ѝ помогнете бидејќи изолацијата не е најдобар начин за борба против оваа болест. Понудете ја вашата помош, но и побарајте помош од психолог.rn

4. Депресијата е иста за сите

rnСекој страда од депресија на различни начини: некои сакаат постојано да спијат, некои патат од несоница, некои се изолираат од нивните сакани и се повлекуваат во себе додека други се однесуваат непријателски, па дури и агресивно. Сите чувства и емоции во периодот на депресија се многу различни.rn

5. Антидепресиви за отстранување на депресијата

rnЛековите можат да помогнат при ублажување на симптомите на депресија, но тие не ја подобруваат моменталната состојба. Хроничните болести бараат хронично лекување.rn

6. Таблетите се единствен начин за да се излекува депресијата

rnПостојат различни видови лечење на оваа болест, меѓу кои се и конверзациската терапија, групната терапија, промената на начинот на живот…rn

7. Депресијата не е страшна за телото

rnДепресијата може да има и физички симптоми – несоница, губење на апетитот, недостаток на енергија, слаба концентрација, губење на помнењето или ниско либидо. Овие промени честопати им се припишуваат на други болести, па луѓето со години страдаат од депресија.rn

8. Слабите луѓе патат од депресија

rnОва е едно од најчестите верувања за менталното нарушување што е само мит. Всушност, депресијата може да влијае на секого во кое било време без оглед на тоа колку сте силни или слаби ментално и физички.rn

9. Депресијата не мора да трае долго

rnКлиничката депресија трае најмалку две недели, но може да се врати во зависност од околностите или после прекинот на терапијата. Затоа подобро е да не се справувате со неа самостојно туку со квалификуван психолог или психотерапевт кој ќе ви помогне да го прегледате сопствениот живот и да пронајдете начин да ја надминете болеста.

Дознајте и како да ја надминете летната депресија.

Популарно

Може ќе ве интересира