КАФЕ ПАУЗА

6 работи што може да му се случат на вашето лице ако го држите над пареа еднаш неделно

6 работи што може да му се случат на вашето лице ако го држите над пареа еднаш неделно

Време е да се соочите со фактот дека многу фактори штетно влијаат врз вашата кожа. Загадувањето на воздухот се зголемува во многу земји, смогот продира во кожата, потребен ви е крем за сончање за да се заштитите од УВ-зраците, а преработената храна воопшто не го негува вашето лице. Ова се дел од причините зошто е важно да се грижите за вашето лице, а еден метод што функцинира е пареата. Таа може да го исчисти и да го смири лицето и да ги намали оштетувањата на кожата. Исто така, овој метод е бесплатен. Во продолжение погледнете кои се придобивките од редовното ставање на лицето над пареа.rn

1. Ја отстранува нечистотијата од порите

rn6 работи што може да му се случат на вашето лице ако го држите над пареа еднаш неделноrnrnКога го држите лицето над пареа, топлината ги опушта и ги проширува вашите пори. Кога ќе се отворат порите, пареата ги отстранува нечистотија и себумот што се собираат во нив.rnrnЧестопати, таа нечистотија лебди во воздухот околу нас. Размислете за квалитетот на воздухот во вашиот град и за шминката што ја носите секој ден. И шминката содржи себум – мрсна супстанција што ја покрива вашата кожа. На сите ни е потребен себумот бидејќи ја навлажнува и ја штити кожата, но големото количество себум може да предизвика појава на мозолчиња.rnrnАко го ставате лицето над пареа, можете да го ограничите количеството себум што го имате на лицето и што предизвикува несакани резултати. Отворете ги порите на лицето и крајниот резултат ќе биде чисто, блескаво лице.rn

2. Ќе ги отстраните бактериите и мртвите клетки што предизвикуваат акни

rn6 работи што може да му се случат на вашето лице ако го држите над пареа еднаш неделноrnrnКожата е најголемиот орган на телото и поминува низ постојан процес на регенерација, предизвикувајќи мртвите бактерии да се собираат на вашето лице. Оваа бактерија е здрава, нема зошто да се грижите за какви било негативни ефекти што може да ги има на вашето тело. Сепак, лицето може да изгледа малку грубо. Исто така, мртвите бактерии не дозволуваат соодветна оксигенација на вашата кожа.rnrnКога го ставате лицето над пареа, ги отстранувате мртвите бактерии, а тоа ќе ви помогне да имате посјаен изглед.rn

3. Вашето лице ќе добие повеќе кислород

rn6 работи што може да му се случат на вашето лице ако го држите над пареа еднаш неделноrnrnНекои ја избегнуваат пареата затоа што страдаат од алергии. Но, тоа што кожата ви е црвена и иритирана се должи на уште еден позитивен ефект од пареата.rnrnЕдна од најголемите придобивки од пареата е проширувањето на крвните садови и збогатувањето на кожата со кислород. Ако вашата кожа е црвена откако ќе престанете да го држите лицето над пареа, тоа значи дека имате голема количина кислород на лицето.rn

4. Ќе ја забавите појавата на брчки

rn6 работи што може да му се случат на вашето лице ако го држите над пареа еднаш неделноrnrnСите знаеме дека брчките се нешто што милиони жени сакаат да ги одложат. Колагенот и еластинот се состојките што најмногу може да ви помогнат во тоа, но ако не сакате да консумирате колаген, пареата може да биде одлична алтернатива. Пареата овозможува брза циркулацијата и така се зголемува производството на колаген и на еластин, кои придонесуваат да имате еластична кожа и да го забавите појавувањето на брчките.rn

5. Кожата ќе почне да се хидрира природно

rn6 работи што може да му се случат на вашето лице ако го држите над пареа еднаш неделноrnrnОтстранувањето на себумот и на маслото од вашата кожа го тера вашето тело да произведува повеќе природни масла кои ја навлажнуваат кожата и го зголемуваат нивото на хидратација. Исто така, пареата ја зголемува пропустливоста на кожата, така што овозможува влажноста да поминува низ неа.rn

6. Ќе ги апсорбира производите за нега на кожата многу подобро

rn6 работи што може да му се случат на вашето лице ако го држите над пареа еднаш неделноrnrnПареата не е целосен лек, но треба да се смета како суштински дел од целокупната нега на кожата. Најдоброто нешто во врска со пареата е што ќе добиете повеќе позитивни ефекти од сите кремови, лосиони и средства за чистење што честопати ги нанесувате на лицето.rnrnТоа се должи на брзата циркулација и оксигенација на вашата кожа. Бидејќи порите се слободни, тие може да апсорбираат повеќе. Бидејќи протокот на крв е посилен, вашето лице повеќе ќе реагира на производите. Кога вашата кожа е темелно навлажнета, кога ќе додадете серуми, тие ќе имаат позначително влијание.rnrnПрочитајте што дерматолозите никогаш не би го ставиле на својата кожа.