Постојат луѓе кои зрачат со таков магнетизам што сите сакаат да им се доближат и да ги запознаат. Посакуваат да бидат како нив, да ги придобијат нивните симпатии и одобрување. Најинтересно е тоа што ваквиот силен впечаток воопшто не зависи од нивниот физички изглед. Следниве 9 психолошки трикови ќе ви помогнат да станете едни од тие неверојатно привлечни луѓе…rnrn
rn
1. Оставете личен печат
rnНајпрво, ви треба оригинален изглед, односно комплетно уникатен детаљ. Новите луѓе кои ги запознавате ќе ве запаметат токму по онаа особина што ве издвојува од останатите. Тука не се мисли на убавиот физички изглед. Звучи чудно, но оригиналноста најдобро се изразува преку недостатоците и несовршеностите. Оригиналното држење, гестовите, изразот на лицето, интонацијата, начинот на комуникација или облеката што ја носите, сето тоа може да ве направи впечатливи. Постојат многу примери на познати личности кои се издвоиле од толпата благодарение на некој ситен детаљ по кој станале препознатливи…rn
- rn011
- Чарли Чаплин – мустаќи, одело, бастун
- Тилда Свинтон – асексуалност, природен изглед без шминка
- Винстон Черчил – прекумерна тежина, цигари
- Јосиф Сталин – мустаќи, луле, специфичен акцент
- Адолф Хитлер – оригинален облик на мустаќи, интонација
- Дита Вон Тис – стил од 40-тите години, црвен кармин
- Мерилин Монро – боја на коса, бемка
- Салвадор Дали – мустаќи, израз на лицето
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
2. Сонувајте на големо
rnЛуѓето ќе ви пристапуваат и ќе ја ценат вашата уникатна личност, ако ја знаете причината за вашето постоење. Тоа ги подразбира вашите амбиции, цели и желбата да го промените светот. Борете се за нешто што ви значи. Човекот без сон е како книга без идеја. Кој би сакал да чита таква книга?!rn
3. Бидете самоуверени
rnЗа да бидете харизматични, мора да бидете самоуверени. Носете храбри и самостојни одлуки, не чекајте помош од другите и објаснувајте ги вашите идеи така што луѓето ќе можат да ве разберат. Луѓето околу вас ќе можат да ја почувствуваат вашата самодоверба не само поради вашето однесување, туку и поради начинот на говорење. Одбегнувајте изрази од типот „Претпоставувам“, „Се надевам“, „Очекувам“, „Можеби“, „Веројатно“.rnrn
rn
4. Немојте да се жалите
rnДали би му се восхитувале на човек кој постојано се жали? Секако дека не. Шармантните луѓе размислуваат позитивно. Одбегнувајте ги критиките, жалбите и негативните теми на разговор. Дури и да не ви е сѐ супер во животот, зборувајте за она што ве прави среќни и ќе им го подобрите расположението и на вашите соговорници.rn
5. Користете гестови
rnВашето однесување треба да ја покаже вашата самодоверба. Немојте мрзливо да се влечкате, не си играјте со предмети или со делови од телото, обидете се да се смеете почесто, гледајте го соговорникот право во очи и не се затворајте. Со други зборови, секогаш кога ќе се појавувате во јавност однесувајте се и чувствувајте се како холивудска ѕвезда на црвен тепих.rn
6. Бидете добри раскажувачи
rnМногумина веруваат дека способноста да се претвори секоја приказна во нешто интересно и забавно е вистински талент. Но, тоа не мора да биде така. Станува збор за вештина што може да се научи. Зборувајте самоуверено, користете хумор, особено самоиронија, односно шегувајте се на своја сметка. Не заборавајте на говорот на телото, не ги кријте вашите емоции и бидете позитивни. Не грижете се доколку некоја од вашите приказни и шеги не го постигне посакуваниот ефект. Раскажувајте ги вашите случки. Луѓето ги споделуваат работите што им биле интересни.rnrn
rn
7. Не го тргајте погледот
rnКога разговарате со некого, секогаш гледајте го соговорникот во очи. Понекогаш, само еден залутан поглед може да каже илјада зборови. Контактот со очи покажува дека го слушате вашиот соговорник, дека го разбирате и го почитувате како личност. Кога зборувате со некого на некој настан, не обрнувајте внимание на работите што се случуваат околу вас, туку задржете го фокусот на соговорникот. Не го проверувајте телефонот постојано, бидејќи луѓето ќе стекнат впечаток дека ви е здодевно и дека си барате поинтересни соговорници.rn
8. Научете да ги слушате другите
rnВие не сте најважната личност во светот. Покажете интерес за животот на другите луѓе. Ако слушате внимателно и поставувате прашања, вашиот соговорник ќе се почувствува посебно и ценето. Секако дека не треба да запаметите сѐ од она што ви го кажале другите, но почнете со тоа што ќе ги запаметите нивните имиња.rnrnНе заборавајте на следниов корисен трик: Кога некој ќе ви се претстави, повторете го нивното име и кажете нешто во стил на „Милош, драго ми е што те запознав“. Ако сакате другите луѓе да ве запаметат, употребете го истиот трик со вашето име: „Здраво, јас сум Сандра. Сандра Петревска“.rn
9. Имитирајте го однесувањето на другите
rnОва е многу едноставен трик кој ќе ви помогне да ги придобиете туѓите симпатии. Сѐ што треба да направите е да го имитирате однесувањето на соговорникот со тоа што ќе ги повторувате неговите изрази на лицето, интонација и гестови. Ова секогаш го постигнува посакуваниот ефект, бидејќи методот се заснова на природната човечка нарцисоидност, односно соговорникот несвесно почнува да мисли дека вие сте совршено усогласени.rnrnМожете да го искористите овој трик и за да ги присвоите уникатните белези на луѓето кои ви делуваат харизматични. Обрнете внимание на нивното однесување и обидете се да го имитирате. Тоа значително ќе ја зголеми вашата самодоверба.rnrnДоколку ве заинтересира оваа тема, прочитајте и како да оставите добар прв впечаток за само 9 секунди.