Секој родител се сеќава на моментот кога неговиот ангел се претворил во 2-годишно дете со ужасно однесување кое правело здодевни работи. Во овие случаи родителите често помислуваат или добиваат совет да посетат психолог. Но дали овие навики се навистина толку лоши и дали е потребна помош од експерт? Некои од најздодевните навики на вашето дете се всушност сосема нормални, па можете слободно да се опуштите.rn
1. Постојано одговарање со „Не“
rn
rnrnМирното и тивко дете одеднаш почнува да одбива сè што ќе му понудат родителите. Детето се расправа дури и за нешта што ги сака.rn
Што се случува?
rnПо правило, овој период покажува дека детето сфатило дека може самото да донесува одлуки. Обично се случува помеѓу 2 и пол и 3 години. Детето конечно разбира дека е самостојна личност а не дел од неговите родители, па се обидува да си направи место во семејството.rn
Што да правите?
rnБидете трпеливи и не обидувајте се да го потиснете бунтовничкиот дух на вашето дете. Оставете го самото да донесува одлуки и да биде понезависно. Во ред е вашето дете самото да одбере што ќе носи во градинка. На овој начин повеќе ќе ви верува и ќе стекне поголема самодоверба.rn
2. Постојано поставување на истото прашање
rn
rnrnВашето дете не го повторува одново и одново истиот збор за ништо, тоа ја бара вашата реакција. Ви звучи познато? Понекогаш родителите не можат да разберат што сакаат нивните деца, а тие пак се разочаруваат ако не добијат одговор. Ова однесување може да ги полуди и најсмирените родители.rn
Што се случува?
rnПовторувањето е најдобриот начин да се запомни што е што, за што се користи и како се менува во однос на ситуацијата. Покрај тоа, на овој начин детето ги вежба неговите звуци и интонација.rn
Што да правите?
rnИмајте на ум дека повторувањето е чекор кон совладување на зборувањето. Охрабрете го вашето дете и зборувајте почесто со него. Периодот на повторување ќе заврши, но вашата негативна реакција може да предизвика проблеми во иднина.rn
3. Често будење навечер
rn
rnrnВашето дете си легнувало и станувало во исто време, но одеднаш почнало да се буди сред ноќ, па дури и да плаче. Колку почесто се случува ова, толку е потешко да се справите со навиката.rn
Што се случува?
rnНарушувањата со спиењето се случуваат поради емоциите и новите информации што се примаат во текот на денот. Ако детето не сака да спие, најверојатно се соочило со интензивни емоции во текот на ноќта. Понекогаш и учењето на некоја нова вештина може премногу да го возбуди – психолозите сметаат дека децата сакаат да ги пробуваат новите вештини и подготвени се да го жртвуваат спиењето за ова.rn
Што да правите?
rnНајпрво обидете се да ги испланирате сите активности за првиот дел од денот. Ако детето сепак не сака да спие навечер, немојте да полудувате. Поминете време со него и најверојатно ќе се смири за неколку минути и ќе се врати во кревет.rn
4. Не сака да ве слуша
rn
rnrnНаутро треба да го однесете детето во градинка и да одите на работа. Но, тоа има други планови – го фрла појадокот, трча, вика и не сака да ги измие забите. Ова не е најдобриот период за драма.rn
Што се случува?
rnВознемиреноста на децата може да биде покана за играње. Кај бебињата играњето е единствениот начин да се открие светот. Вашето дете се буди полно со енергија и не треба да го обвинувате бидејќи има поразлични планови од вашите.rn
Што да правите?
rnПроменете го вашиот распоред. Можеби ќе треба да се разбудите порано за да имате време да си поиграте со него. Ако не ви одговара ова, обидете се да го разберете и дозволете му да си поигра 15-тина минути.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn
