rn
5. Леќа
rn
rnrnЛеќата е друг добар пример за храна со низок гликемичен индекс. Таа бавно се вари, што овозможува да се чувствувате сити долго време и го намалува чувството на стрвост. Леќата исто така е и богат извор на растителен протеин, што значи дека е одличен избор за вегетаријанци и вегани.rn
6. Брокула
rn
rnrnБрокулата е исто така одличен зеленчук кој придонесува за намалување на телесната тежина, бидејќи содржи исклучително мал број калории, а многу хранливи влакна. Влакната апсорбираат вода и се зголемуваат во волумен, поради што ќе се чувствувате сити подолг временски период и варењето ќе ви се забави.rn
7. Масна риба
rn
rnrnБез разлика која риба ја преферирате – туна, сардина или лосос, масната риба содржи екстремно големи количества Омега-3 масни киселини, а тоа е директно поврзано со развојот на поздрави клетки, коишто се способни многу поефикасно да ги процесираат шеќерите и мастите во нашиот организам.rn
8. Јајца
rn
rnrnОдамна е познато дека јајцата се суперхрана, којашто е богата со протеини и повеќе од 20 есенцијални витамини, минерали и антиоксиданси. Јајцата се одлична храна која ги одржува нашите клетки здрави, а истражувања имаат откриено дека ако ги консумирате за појадок, ќе ги одржувате нивоата на инсулин под контрола. Инсулинот е хормон којшто ги контролира мастите во нашиот метаболизам.rn
9. Кафе и чај
rn
rnrnИстражувањата покажуваат дека кофеинот во кафето и чаевите можат да го забрзаат метаболизмот, а со тоа и да помогнат во намалувањето на тежината. Секако, тоа не значи дека треба да ги консумирате во прекумерни количини.rn
Бонус совет за топење килограми
rnИ покрај тоа што на сите ни е добро позната мудрата мисла „Вие сте она што го јадете“, сепак вистинските вежби може да ви помогнат побрзо да ги постигнете вашите цели околу губењето на вишокот килограми.rnrn
rnrnСите видови вежби можат да се поделат во две групи: аеробични и анаеробични. Некои тренери тврдат дека тежината најефикасно се губи со вежби коишто се комбинација од рачни тегови и кардио тренинг. Со овој вид комбиниран тренинг се согоруваат многу калории, се спречува забавувањето на метаболизмот и се зголемува мускулната маса и густина.rnrnДознајте и кои 8 продукти се покорисни за женското здравје од суперхраната.
