Поради забрзаното темпо на живот и секојдневното брзање и доцнење, честопати имаме малку време за дневна шминка. Очите се првите кои ќе ве предадат ако сте немале време да се нашминкате или не сте се наспале. Затоа ви даваме совети кои многу ќе ви помогнат кога е во прашање шминкањето, но и ќе ви овозможат да заштедите време.rnrn
rn
1. Веѓи
rnАко спаѓате во личностите кои изгледаат десет пати поубаво ако им се добро негувани веѓите, тогаш тие нека ви станат приоритет. Сепак, за да не трошите премногу време на нив, со помош на моливче за веѓи пополнете ги неправилните подрачја, а потоа потемнете ги малку со маскара за да добиете природен изглед.rnrn
rn
2. Боја
rnИмате ли време за нанесување на руменило, сенка и кармин? Најчесто не. Затоа експертите советуваат кремасто руменило во боја која ќе можете да ја нанесете на образите, капаците и на усните за неколку секунди.rnrn
rnrn
3. Трепки
rnМаскарата е една од најважните работи во текот на шминкањето. Но, најчесто немаме доволно време за да ги направиме трепките совршени, а потоа да почекаме и да се исушат. За брзо и ефективно средување на трепките користете виткач за трепки. Навитканите трепки убаво ќе ги дефинираат очите, а ефектот ќе биде ист како да сте нанеле маскара.rnrn
rnrn
4. Очи
rnОчите се првите кои ќе ве предадат ако сте немале време да се нашминкате или не сте се наспале. Нанесете коректор на горниот и долниот дел на очите за да ги покриете подочниците и црвенилото, а потоа нанесете малку пудра во прав. Ставете малку маскара и ќе добиете одморен изглед.rnrn
rn
5. Бронзер
rnБронзерот ќе се погрижи да добиете здрава румена боја. Доволни се само неколку потези со четката врз јаболчниците, на работ на челото кај косата, на секоја страна на носот како и еден потег на рабовите од очите.rnrn
rnrn
6. Коректор
rnСо него брзо и лесно се покриваат недостатоците кои не сакаме да се гледаат, а лицето го прави беспрекорно. Со помош на прстите нанесете го на подочниците, на црвените подрачја околу ноздрите и натапкајте го на горните агли на очите.rnrn
rnrn
7. Усни
rnМолив за усни, сјај, кармин, балсам… Постојат многу опции со кои се соочувате секое утро. Изберете производ кој ги комбинира сите горенаведени производи, на пример, хидратантен сјај за усни во боја.rnrn
rn
8. Тен
rnМногу жени чувствуваат дека им треба помалку шминка кога се исончани. За среќа, денес постојат многу препарати за самопотемнување.rnrn