Секоја година, стотици илјадници жени ширум светот се дијагностицирани со рак на јајникот. Ова е многу помал број во споредба со ракот на дојката, но проблемот е што ракот на јајниците е многу посмртоносен. Причината е што во поголемиот број случаи, ракот се дијагностицира доцна.rnrn
rnrnЗа жал, сè уште не постои направа за рано откривање на ракот на јајници, а симптомите најчесто не се специфични. Ова значи дека нема предупредувачки знаци кои би го натерале лекарот да се посомнева за оваа болест.rnrnИстражувањата покажуваат дека поголемиот број на заболени жени оделе на редовни прегледи, 6 до 9 месеци пред да им биде дијагностицирана болеста. Симптомите најчесто се поврзани и со многу други здравствени проблеми кои треба да се испитаат.rnrnТокму поради ова, ракот на јајниците е познат и како тивок убиец. Во само 15% од случаите ракот е дијагностициран во рана фаза, кога е полесен за лекување и кога се нема проширено на другите органи.rnrnПостојат бројни симптоми што се појавуваат во раната фаза, но проблемот е што е многу лесно да ги игнорирате. Па што можете да направите тогаш? Обрнете внимание на вашето тело и на симптомите кои не се вообичаени.rn
Кои се симптомите на рак на јајникот?
rnЈајниците се сместени во карлицата, во близина на мочниот меур и цревата. Кога ракот расте, симптомите кои се јавуваат се најчесто гастроинтестинални проблеми, поврзани со притискањето на туморот на овие органи. Најчестите симптомите се:rn
- rn 011
- Подуеност
- Болка во стомакот, грбот или карлицата
- Отекување на абдоменот или карлицата
- Чувство на ситост дури и пред почетокот на оброкот
- Лошо варење
- Дијареја или констипација
- Често мокрење или постојана потреба за мокрење
- Губење енергија и апетит
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rnИсто така може да се појави и крвавење, како и нарушување на менструалниот циклус како обилни или нередовни менструации. Најчесто овој симптом се појавува кај помладите жени бидејќи возраста е ризичен фактор кај овој вид рак. Повеќето жени кај кој е дијагностициран рак на јајниците веќе се во менопауза.rnrnПостојат одредени видови рак на јајникот поради кои може да настане крвавење. Па доколку го забележите вон менструацијата, би требало да посетите лекар.rn
Кога треба да бидете загрижени?
rnНајважно е добро да го познавате вашето тело. Одвреме-навреме секоја жена чувствува некој од наведените симптоми, но доколку ги чувствувате после неколку недели или месеци, или симптомите не се во границата на нормалата, тогаш е време да одите на лекар.rnrnГастроинтестиналните проблеми можат да бидат предизвикани од многу други нарушувања – од хипотироидизам, па сè до апнеа. Она што ги разликува симптомите на рак е нивната упорност, односно тие се трајни и не исчезнуваат.rnrnДоколку чувствувате кој било од симптомите повеќе од 12 пати месечно, најдобро е да одите лекар, особено ако имате и семејна историја со рак на дојката или јајниците. Иако е лесно да ги занемарите овие симптоми, кога ќе станат преочигледни, ракот обично е во напредна фаза.rnrnПогледнете и како да ги забележите и идентификувате 5-те видови вагинален канцер.
