Факт е дека си ги сакаме нашите бикини и дека сè би дале за да можеме да ги носиме почесто. Иако нивната примарна функција е за на врелите плажи, сепак успеавме да изнајдеме неколку начини на кои можеме да ги носиме и настрана од нив. Ќе се изненадите колку всушност комбинации може да извлечете од обичното бикини. Погледнете.rn
1. Бикини + парео + сако
rnСтрукираното сако додава завидна елеганција на пареото и го претвора во совршена комбинација за вечерно излегување.rnrn
rn
2. Бикини + тантелна блуза + мини здолниште
rnМини здолниште и тантелна блуза е одличен начин да го нагласите струкот.rnrn
rn
3. Бикини + блуза со длабок V-израз + тексас шорцеви
rnАко се одлучите за ваков изглед, тогаш наша препорака е да ги затворите нозете во чизмички до глужд за да не изгледате невкусно.rnrn
rn
4. Бикини + карирана кошула + мини здолниште
rnУште еден добар трик за да ја нагласите половината е да ја врзете кошулата наместо да ја пикнете во здолништето. Тоа ќе ви го намали струкот, но и ќе ги елиминира непријатните туткања кои ги прави кошулата.rnrn
rn
5. Бикини + јакна до струк + здолниште со фалти
rnОвој изглед е одличен за баланс во фигурата. Здолништето носете го на вашиот природен струк, не на колковите за да создадете визуелна пропорција на телото.rnrn
rn
6. Бикини + комбинезон
rnКомбинезонот треба да биде доволно широк за природно да „паѓа“ на колковите, но и долг за да можете да ги подвиткате ногавиците.rnrn
rn
7. Бикини + кардиган + здолниште во А-линија
rnУште подобро ако вашето бикини одговара на кое било останато парче од комбинацијата.rnrn
rn
8. Бикини + проѕирен мини фустан + моторџиска јакна
rnНајдобро е јакната да ја носите на вашите раменици. Едноставно изгледа покул.rnrn
rnrnПогледнете го видео водичот за комбинирање на бикинито во вашиот дневен или вечерен изглед.rnrn
