КАФЕ ПАУЗА

Променете само еден збор за конечно да ги исполните сите новогодишни одлуки

Written by

in

,

Психологот Сузан Дејвид смета дека кога реченицата „Морам да одам во теретана 3 пати неделно“ ќе ја замените со „Сакам да одам во теретана 3 пати неделно“, ќе имате поголеми шанси да ја остварите својата цел.rnrnpromente-samo-eden-zbor-za-da-gi-ispolnite-novogodishnite-odluki-kafepauza.mkrnrnКога се потпираме на дисциплината и волјата, тоа ретко води до најдобрите резултати. Можеби ќе се присилите да одите во теретана, но колку тоа ви помогнало да ја зачувате рутината за вежбање? Можеби им се јавувате на роднините бидејќи морате, но колку пати сте имале значаен разговор? Кога го правиме тоа што мораме, а не тоа што го сакаме, започнуваме бескрајна војна помеѓу добрите намери и она што навистина го сакаме.rnrnПред многу години, Платон го објаснил овој внатрешен конфликт користејќи метафора со кочија и два различни коња. Едниот коњ бил страста, нашите желби, а другиот бил интелектот, нашиот рационален и морален ум. Платон разбирал дека постојано сме влечени во две спротивни насоки поради она што сакаме и она што треба да го правиме. Нашата цел е да ја насочиме кочијата и да ги водиме коњите за да стигнеме онаму каде што сакаме.rnrnНабљудувањето на мозокот покажало дека секогаш кога нашиот импулсивен систем кој бара награда (страста) се соочува со нашите рационални цели (интелектот) мозокот се обидува да ги смири работите. Замислете дека сакате да се храните поздраво. Одите во ресторан и забележувате некоја торта. Ова го активира делот од мозокот поврзан со задоволството. Вие ја сакате тортата, но се потсетувате дека не смеете да ја јадете. Како што собирате сила да го прескокнете десертот, во мозокот се активира делот за самоконтрола. Кога и двата дела се активни, мозокот се бори самиот со себе обидувајќи се да донесе одлука.rnrnЗа да биде уште покомплицирано, предност имаат нашите основни инстинкти. Кога сме соочени со обичен избор, атрибутите како вкус работат околу 195 милисекунди побрзо отколку здравствените атрибути. Веројатно поради ова во едно истражување 74% од луѓето изјавиле дека би одбрале овошје наместо чоколадо во некоја блиска иднина. Но, кога пред нив биле поставени овошје и чоколадо, 70% од луѓето посегнеле по чоколадото.rnrnСепак, можете да направите нешто и да ги зауздите вашите коњи. Кога ќе си кажете дека сакате да направите нешто, а не дека морате, не мора да се грижите која страна ќе владее (страста или интелектот) бидејќи целото ваше битие ќе биде во хармонија и ќе се мотивирате.rnrnКога ќе речете дека сакате да ја исполните целта, вие си давате до знаење дека го правите тоа од задоволство. Со ова покажувате дека самоволно сте ја донеле таа одлука. Кога ќе речете дека морате да ја исполните целта, најчесто тоа е поради некој сакан или поради обврска и обид да избегнете срам. Можеби сакате да се храните поздраво поради страв, срам или анксиозност. Но, подобро е да одберете да се храните поздраво бидејќи тоа ќе направи да се чувствувате подобро. Разликата помеѓу двете е тоа што кога користите „морам“ можеби и ќе постигнете некој резултат, но постепено ќе ја намалувате посветеноста кон целта.rnrnИстражувањата покажале дека двајца луѓе со иста цел за слабеење многу поразлично ќе гледаат парче торта, во зависност од нивната мотивација. Личноста која „сака“ да изгуби некој килограм ќе чувствува помало искушение за разлика од личноста која „мора“ да изгуби тежина.rnrnМотивацијата со „сакам“ е поврзана со автоматската привлечност кон стимулот и ве тера да донесувате одлуки со кои ќе ги исполните вашите цели. Од друга страна, мотивацијата со „морам“ го зголемува искушението бидејќи ве тера да сметате дека се лишувате од нешто. Поради ова вашата самоконтрола е послаба.rnrnСе разбира, не треба само да размислувате позитивно и да ги избегнувате реалните грижи. Ако не можете да пронајдете „сакам“ мотивација за одреден аспект од вашиот живот, можеби е време за промена. Ако на пример сте одбрале некое работно место за да направите промена во светот, но компанијата се фокусира на друго, можеби треба да го промените. Или пак, ако сте сфатиле дека вашиот партнер не е личноста која сте мислеле, можеби треба да ја прекинете врската. Не треба присилно да барате „сакам“ мотивација, целта на ова е полесно да ги одберете работите кои водат до животот кој го посакувате.rnrnПогледнете ги и овие совети кои ќе ви помогнат конечно да ги исполните новогодишните одлуки.