КАФЕ ПАУЗА

8 симптоми кои укажуваат на нетолеранција на глутен

Во последните неколку години многу луѓе се решија да се откажат од глутенот. И додека некои сметаат дека тоа е само за привлекување внимание, постојат луѓе кои се навистина алергични или нетолерантни на глутен. Сепак, многумина го слушнале зборот глутен, но воопшто не знаат што всушност значи.rn

Што претставува глутенот?

rn8 симптоми кои укажуваат на нетолеранција на глутенrnrnСпоред Националната библиотека за медицина на САД, глутенот е протеин што се наоѓа во пченицата, ‘ржта и јачменот. Понекогаш и овесот содржи глутен ако дошло до крос-контаминација при пакување. Постојат многу житни култури и брашна што не содржат глутен како пченка, киноа, ориз, компири и соја.rn

Што е Целијакија?

rn8 симптоми кои укажуваат на нетолеранција на глутенrnrnЦелијакија е дигестивно нарушување што ги оштетува цревата. Луѓето со ова нарушување не можат да консумираат глутен. Болеста може да предизвика долготрајни дигестивни проблеми и да не му дозволува на телото да ги прими сите потребни хранливи материи. Луѓето со Целијакија имаат сериозни реакции кога консумираат глутен.rn

Што е нетолеранција на глутен?

rn8 симптоми кои укажуваат на нетолеранција на глутенrnrnДодека Целијакијата ги оштетува цревата, нетолеранцијата на глутен не го прави ова. Чувствителноста на глутен може да има слични симптоми со Целијакијата, но засега нема тест за ова. Истражувачите сè уште учат за чувствителноста на глутен.rnrnПокрај заморот, главоболките и болките во стомакот, нетолеранцијата на глутен може да предизвика трпнење на нозете и грчеви во мускулите. Во продолжение следува детален преглед на најчестите симптоми предизвикани од нетолеранцијата на глутенrn

1. Замор

rn8 симптоми кои укажуваат на нетолеранција на глутенrnrnЗаморот е еден од најчестите симптоми на нетолеранција на глутен. Луѓето чувствителни на глутен често се чувствуваат изморено, особено по консумирањето храна со глутен. Истражувањата покажале дека 60% до 82% од овие луѓе често искусуваат замор. Сите луѓе се чувствуваат изморено одвреме-навреме, но ако постојано се чувствувате вака, можеби сте чувствителни на глутен.rn

2. Болки во стомакот

rn8 симптоми кои укажуваат на нетолеранција на глутенrnrnДруг класичен симптом на нетолеранција на глутен се хроничните болки во стомакот. Овде може да спаѓа сè од подуеност до констипација и дијареја.rn

3. Болки во мускулите и зглобовите

rn8 симптоми кои укажуваат на нетолеранција на глутенrnrnЛуѓето чувствителни на глутен често имаат болки во зглобовите и мускулни грчеви. Глутенот го вклучува воспалителниот одговор на телото. Ова воспаление ќе го забележите на неколку начини. Некои веруваат дека воспалението предизвикано од глутенот предизвикува болки во мускулите, зглобовите, па дури и артритис.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn