Рецепт за шницли во кремаст сос од пиво

Сподели

Направете вкусен и сочен ручек за целото семејство.

Реклама

rn

Потребни состојки:

rn

    rn 011

  • 1 кг шницли
  • rn 011

  • сол и бибер
  • rn 011

  • 1 голем кромид
  • rn 011

  • 1 полна лажица брашно
  • rn 011

  • 250-500 мл пиво
  • rn 011

  • околу 250 мл вода
  • rn 011

  • листови магдонос
  • rn 011

  • малку лук во гранули
  • rn

rn

Начин на подготовка:

rnИсплескајте ги шницлите со дрвено чеканче, а потоа додајте сол и бибер. Загрејте малку масло во тава, потоа испржете ги шницлите додека не поруменат од двете страни. Ставете ги во огноотпорен сад.

Ситно исечкајте го кромидот и додајте го во тавата каде што се пржеше месото. Пржете неколку минути на средна температура, потоа додајте чаша вода и продолжете да готвите. Кога ќе испари водата, пржете го кромидот уште малку, додека не пожолти. Потоа додајте брашно, измешајте и додајте ги пивото и водата или само пиво. Промешајте и прелијте го месото.

Ставете го да се печи во рерна на температура од 200 Целзиусови степени. По еден час, само поместете го месото малку со виљушка, протресете го и оставете го да се пече уште малку одозгора.

Погледнете како да подготвите бургери со тиквички и пилешко.

Популарно

Може ќе ве интересира