Експертите веруваат дека секогаш постои нешто за коешто би требало да бидете благодарни. Среќата не е отсуство на проблеми, туку способност да се справите со истите. Замислете си колку прекрасни мисли би можеле да завладеат со вашиот ум кога не би се фокусирале толку на проблемите. Секогаш гледајте го она што го имате, а не тоа што сте го изгубиле. Не е важно тоа што исчезнало од вашиот живот, туку што можете да направите со она што ви останало. Сетете се на следниве 8 работи кога сѐ ќе ви тргне наопаку за да останете мотивирани…rnrn
rn
1. Болката е дел од созревањето
rnПонекогаш животот ни затвора некои врати затоа што е време да продолжиме понатаму. Тоа е добро, бидејќи ние не би се придвижиле кога околностите не би нѐ натерале да го сториме тоа. За време на тешките период, сетете се дека ниту една болка не се јавува без причина. Преболете го она што ве повредило, но не ја заборавајте лекцијата на која ве научило.rnrnСамо затоа што ви е тешко, не значи дека нема да успеете. За секој голем успех потребна е мачна борба за да се постигне. Убавите работи си бараат време. Бидете трпеливи и позитивни. Сѐ ќе си дојде на свое место, можеби не веднаш, но со текот на времето со сигурност. Запаметете дека постојат два вида болка: Болка што ве повредува и болка што ве менува. Не им се спротивставувајте, бидејќи и двете ќе ви помогнат да созреете.rn
2. Сѐ во животот е привремено
rnДождот престанува. Секоја болка заздравува. По темнината, доаѓа светлината. Секое утро е потсетник на истово, но сепак го забораваме тоа и одбираме да веруваме дека мракот ќе трае вечно. Но, ништо не трае вечно. Ако работите ви одат супер моментално, уживајте. Но, имајте на ум дека тоа нема да трае вечно. Ако нештата ви тргнале наопаку, не грижете се, бидејќи ни тоа нема да трае вечно. Само затоа што ви е тешко, не значи дека не можете да се смеете. Секој момент е нов почеток и нов крај. Секоја секунда претставува втора шанса. Само треба да го сфатите тоа и да го искористите до максимум.rn
3. Грижењето и жалењето нема да сменат ништо
rnТие кои најмногу се жалат, најмалку успеваат. Подобро е да се обидете во нешто и да потфрлите, отколку да не направите ништо. Ако не успеете, тоа не значи дека сѐ е готово. Готово е тогаш кога ќе престанете да дејствувате и ќе почнете да се жалите. Ако верувате во нешто, продолжете да се трудите. Не им дозволувајте на сенките од минатото да ги смрачат можностите во вашата иднина.rnrnДоколку денес денот го поминете во жалење за тоа што се случило вчера, утрото нема да ви биде подобро. Наместо тоа, преземете нешто. Направете промена. Не заборавајте дека среќата доаѓа кога ќе престанете да се жалите поради вашите проблеми и ќе почнете да бидете благодарни за сите проблеми што всушност ги немате.rnrn
rn
4. Вашите лузни се симболи на вашата сила
rnНикогаш не се срамете од лузните што ви ги нанел животот. Лузната е знак дека болката завршила и раната е затворена. Тоа значи дека сте ја совладале болката, сте ја научиле лекцијата, сте станале посилни и сте продолжиле понатаму. Лузната е тетоважа на триумфот за кој треба да се гордеете. Не им дозволувајте на лузните да ве држат како заложници. Немојте да живеете во страв. Не можете да направите лузните да исчезнат, но можете да го промените начинот на кој ги гледате. Почнете да ги гледате како симболи на силата, а не на болката.rn
„Раната е место каде што Светлината влегува во вас.“ – Руми
rnНајсилните души се создале благодарение на страдањето. Вашите лузни се доказ дека сте преживеале и успеале.rn
5. Секоја борба е чекор напред
rnТрпението не е исто што и чекањето. Трпение е способност да се задржи позитивната мисла додека работите на остварувањето на вашите соништа, знаејќи дека трудот ќе ви се исплати. Нема поента да почнувате, ако не мислите да потрошите повеќе време и да одите до самиот крај. Тоа понекогаш значи дека ќе ја изгубите стабилноста и удобноста на некое време. Тоа може да значи дека нема да јадете и спиете онака како што сте навикнале. Тоа може да значи дека толку многу ќе се оддалечите од вашата зона на удобност, што постојано ќе живеете во неизвесност.rnrnМожеби ќе треба да ги жртвувате вашите врски, ќе треба да го прифатите исмевањето на другите луѓе и да поминете многу време сами. Но, самотијата е дар што ги претвора соништата во реалност. Самотијата ви го дава потребниот простор. Ако навистина сакате да направите нешто, ќе го направите тоа без оглед на околностите. Ќе сфатите дека борбата не се појавува на патот, туку таа е самиот пат. Трудот нема да ви биде залуден. Ако веќе сте тргнале, одете до самиот крај.rn
6. Туѓата негативност не е ваш проблем
rnОстанете позитивни тогаш кога ќе бидете опкружени со негативност. Смејте се кога другите ќе се обидат да ве растажат. Задржете ја вашата мотивација и фокус. Кога другите луѓе ќе се однесуваат лошо кон вас, останете свои. Не дозволувајте туѓата огорченост да ве промени. Не ги сфаќајте работите премногу лично. Луѓето многу ретко дејствуваат поради вас. Тие дејствуваат поради нив самите. Никогаш не се менувајте за да импресионирате некој кој ви вели дека не сте доволно добри. Менувајте се само за да станете подобри.rnrnЛуѓето ќе зборуваат без разлика што правите и колку сте успешни. Погрижете се прво за себе, па потоа за туѓото мислење. Ако цврсто верувате во нешто, не плашете се да се борите за тоа. Најголемата сила доаѓа тогаш кога ќе го постигнете она коешто другите мислеле дека е невозможно да се направи. Правете го она што ви носи среќа и бидете со луѓето кои извлекуваат насмевка од вашето лице.rnrn
rn
7. Ќе се случи она што треба да се случи
rnСилата се состои во тоа да останете насмеани и позитивни дури и тогаш кога имате многу проблеми за кои би можеле да се жалите. Во секое лошо, постои нешто добро, само треба да ги отворите срцето и умот за да го видите. Убавина со сила не бидува. Понекогаш едноставно треба да се препуштите на текот на работите.rnrnВерувајте ѝ на вашата интуиција, преземајте ризици, губете и наоѓајте среќа, ценете ги убавите сеќавања и учете од вашите искуства. Во тоа е убавината на трнливиот пат наречен живот. Престанете да се грижите и сомневате во секој чекор што го преземате на патот. Смејте се тогаш кога сте збунети, живејте во моментот и уживајте во она што светот ви го нуди. Можеби нема да завршите таму каде што сте планирале, но ќе стигнете токму онаму каде што треба да бидете.rn
8. Сѐ што треба да направите е да продолжите напред
rnНе плашете се повторно да застанете на нозе по падот. Не плашете се да се обидете, да сакате, да живеете и да сонувате повторно. Не им дозволувајте на тешките животни лекции да ви го заледат срцето. Најдобрите лекции се учат во најтешките времиња и од најлошите грешки. Некогаш ќе ви се чини како буквално сѐ да тргнало наопаку. Ќе мислите дека ќе засекогаш ќе останете заглавени во таа безизлезна ситуација. Но, тоа нема да биде така. Секогаш кога ќе помислите да се откажете, запаметете дека понекогаш нештата треба да тргнат наопаку за да се вратат на вистинската насока. Понекогаш треба да поминете низ најлошото, за да го извлечете најдоброто од себе.rnrnЖивотот е тежок, но вие сте силни. Секој ден наоѓајте причина за насмевка. Соберете храброст да бидете поинакви, но сепак прекрасни. Смејте ги луѓето околу вас. Не се нервирајте поради нештата што не можете да ги промените. Живејте едноставно. Сакајте несебично. Зборувајте искрено. Работете вредно. Дури и ако потфрлите, продолжете понатаму. Продолжете да созревате.