Експертите сметаат дека постојат многу потенцијални милионери. Но за да станат тие луѓе милионери, мораат да искоренат некои лоши навики. Погледнете за кои навики станува збор.
rn
1. Претерано трошите
rnНе сте единствени ако уживате во трошењето пари. Всушност, според некои истражувања дури 52% од луѓето ги трошат своите пари од навика. Поголемиот дел земаат пари од својата заштеда, а 22% од кредитни картички. Ако секој месец ги трошите сите ваши пари, немате никакви шанси да се збогатите. Време е да почнете да обрнувате внимание на што ги трошите парите секој месец, и обидете се да ги намалите трошоците така што ќе направите реалистичен месечен буџет.rn
2. Не штедите доволно
rnИако мал број луѓе успеваат да заштедат, ако сакате да бидете богати тоа треба да ви биде приоритет. Обидете се секогаш кога ненадејно ќе ви останат вишок пари да ги тргнете настрана.rn
3. Имате премногу долгови
rnВерувале или не, одредени долгови можат да бидат добар предуслов за финансиски успех, како на пример промена на работното место или купување недвижнини. Од друга страна пак, кога ги враќате долговите, секогаш враќајте ги прво оние со највисока камата.rn
4. Немате план
rnНе можете да станете богати без јасно дефиниран план. Можеби не ви звучи најинтересно да правите финансиски план, но морате да се навикнете на тоа.rn
5. Немате фонд за итни случаи
rnМорате да имате фонд за итни случаи во кои сте вложувале барем во последните 6 месеци. Како што и самите знаете животот е непредвидлив, па кога не сте осигурени на овој начин, дури и најмалата незгодна ситуација може да прерасне во катастрофа.rn
6. Доцна сте почнале
rnВремето лета, а најтешко е да започнете нешто. Можете да заштедите малку дури и иако имате долгови, мали примања и многу трошоци.rn
7. Наместо да направите нешто, постојано се жалите
rnАко постојано мислите дека не заработувате доволно, дека никогаш нема да ги платите долговите или дека животот е премногу скап, престанете. Ништо нема да се промени ако не го промените начинот на размислување. Престанете да барате изговори и да се жалите. Преземете одговорност за вашите навики и променете ги.rn
8. Живеете само за денес и не мислите на утре
rnНикому не му е забавно да размислува за далечната иднина, но понекогаш морате да го направите и тоа. Направете си услуга и применете го принципот „Заштеди сега, збогати се подоцна“. Ако вложите во едно нешто, можеби ќе имате среќа. Но, тоа е како да играте лотарија. Вложете ги парите на повеќе страни.
Погледнете ја и оваа едноставна мудра за привлекување богатство.

