КАФЕ ПАУЗА

Пронајдете време за битните работи

Пронајдете време за битните работи

Written by

in

,

Немањето време, едноставно, не може да ви биде оправданине за некои битни работи во животот. Вие имате 24 часа за трошење секој ден и самите избирате на што ќе ги потрошите. Доколку немате доволно време за да го повторите материјалот за испит, да отидете на пијачка со пријателите или да прочитате книга, тоа не е затоа што немате време, туку затоа што така сте одлучиле. Наместо овие активности сте избрале да правите нешто друго.rnrnПронајдете време за битните работиrnrnДоколку сепак не можете лесно да се справите со обврските, применете ги следните неколку совети за да ви остане малку време и за некои други нешта во животот.rn

Станете порано

rnАко нешто ви е навистина важно, не би требало да биде проблем еден час помалку спиење. Впрочем, резултатот од добро завршената работа може да биде попријатен од спиењето.rn

Обидете се да завршите повеќе работи одеднаш

rnИако тоа генерално е лоша идеја, има ситуации во кои навистина можете да завршите и повеќе работи одеднаш. На пример, можете да читате додека се возите со автобус или да се слушнете по телефон со некој пријател додека пешачите меѓу местата на кои имате работа.rn

Направете план

rnАко постојано имате проблем со времето за некои битни работи, тогаш неопходно е да направите план и да се држите до него. Решете што ви е приоритет, на што и со кого сакате да го потрошите денот, проценете како можете да го остварите тоа и испланирајте.rn

Оставете малку време за нешто неодредено

rnРезервирајте дел од денот кој ќе ви биде слободен и за кој ќе немате конкретен план. Тогаш спонтано изберете да го пополните со нешто кое ви причинува задоволство, а ретко наоѓате време за тоа.rn
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn