За да го направите тестот, најпрво треба да ја прочитате приказната.
rn
rnrnЕдна девојка шета покрај река. На другиот брег здогледува младо момче во кое во истиот момент се заљубува. Се обидува да го дознае неговото име, но безуспешно. Не знае да плива, па преминувањето на другата страна на реката е невозможно. Мост нема на видик. Единствено што знае е дека по секоја цена мора да стигне до ова момче. Изненадно здогледува човек на сплав. Му се приближува и му ја објаснува ситуацијата. Му ги нуди сите пари што ги има.rnrn„Ќе те превезам, но пари не ме интересираат. Ако спиеш со мене, брзо ќе дојдеш до момчето кое ти се допаѓа.“ Очајната девојка го остава човекот на сплавот и продолжува да оди по брегот. Сега е веќе сосема разочарана. На патот среќава старец. Кога тој ја прашува зошто плаче, таа му објаснува што се случило. На крајот го прашува за совет. Треба ли да спие со човекот на сплавот за да дојде до оној што ѝ се допаѓа?rnrn„Драга девојко, за тоа мораш сама да одлучиш“, ѝ одговорил старецот.rnrnТаа продолжува да оди по брегот, размислува и набрзо носи одлука. Се враќа, ја прифаќа понудата на човекот на сплавот и набрзо јури на другата страна на брегот. Најпосле стигнува до момчето. „Видов што направи. Те презирам!“, во еден здив изговара момчето. Во моментот девојката паѓа на земја, а од шумата излегува друго непознато момче. Воодушевено ја гледа девојката и ѝ вели: „Ја видов целата приказна од почеток до крај. Омажи се за мене!“rn
Решение на тестот
rnОткако ја прочитавте приказната, треба да ги оцените сите 5 актери со оценка од 1 до 5. Највисока оценка (5) дајте му на оној лик во приказната кого го сметате за најпозитивен, а најниска (1) на оној кој ви оставил најлош впечаток. Една оценка не треба да се повторува.rn
Ликовите се:
rn
- rn011
- Девојката
- Момчето
- Човекот на сплавот
- Старецот
- Второто момче
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn[toggle_box]rnrn[toggle_item title=”Погледнете кој лик што претставува:” active=”false”]rnrn1. Девојката – љубов, страстrnrn2. Момчето – љубомора, себичност, малодушностrnrn3. Човекот на сплавот – материјална вредност, егоизамrnrn4. Старецот – животна мудрост, мирrnrn5. Второто момче – љубовен живот[/toggle_item]rnrn[/toggle_box]rnrnНа овој начин добивате скала на особините на вашиот карактер, односно вредностите до кои се држите во животот.