КАФЕ ПАУЗА

8 несекојдневни начини да се ослободите од стресот

Written by

in

,

Ако мислите ви бегаат, концентрацијата ви опаѓа, напнатоста ви расте и чувствувате внатрешна непријатност, па можеби дури и паника, тогаш ги искусувате сите симптоми на стрес кои ве исфрлаат од вашата рамнотежа. Погледнете ги следниве неколку необични и несекојдневни начини на кои можете да ја преземете контролата над стресот и да се вратите повторно во рамнотежа…rnrn8 несекојдневни начини да се ослободите од стресотrn

1. Чешел

rnЗа време на работното време, вие голем дел од вашите обврски ги завршувате механички. Бидејќи поголемиот дел од вас седите пред монитор, постојано во иста позиција, вашата глава ви станува многу тешка и почнува да ве боли. Еден од начините да го избегнете и отстраните стресот е доколку ја чешлате вашата коса 10 до 15 минути. Со помош на чешлањето вие ја активирате циркулацијата на крв во вашата глава и ги ослободувате мускулите.rn

2. Храна

rnНајдобриот начин да се изборите против стресот е здравата храна. За да го подобрите вашето расположение и да се ослободите од стресот треба да јадете храна која изобилува со омега 3 масни киселини бидејќи тие се многу корисни за нервниот систем. Јадете семки од тиква или шака ореви. Уште подобро и ако изедете цела банана бидејќи тие се преполни со витамин Б6, Ц, магнезиум, рибофлавин, биотин, како и железо.rn

3. Протријте ги дланките

rnУште еден начин да ја намалите напнатоста и да го избегнете вашиот стрес е доколку со целата ваша сила ги протриете дланките. Правете го ова сè додека тие не станат многу топли. Исто така може да ви помогне и ако ги протриете ушите. На тој начин ќе можете многу брзо повторно да се фокусирате на вашата работа.rn

4. Измијте ги конфликтите и стресовите

rnИзборете се со негативните емоции со помош на 15-минутно туширање. Застанете под топол и силен млаз вода, така што тој ќе ги масира вашите глава и рамена. Многу брзо ќе почувствувате како водата носи со себе сè што ви е непотребно.rn

5. Бои

rnПсихолозите откриле дека сликањето или боењето може во рок од 2 до 3 минути драстично да го намали вашиот стрес. На овој начин ќе можете подобро и побрзо да ги завршите сите ваши работни обврски.rn

6. Чај од хибискус

rnСо насобирање на слободните радикали, човекот добива чувство на паника и анксиозност, односно ги чувствува најсилните карактеристики на стрес. Хибискусот не дозволува слободните радикали да се насобираат, така што ги разводнува и на тој начин помага да се ослободите од стресот без притоа да создаде во вас умор.rn

7. Средување

rnРедењето на нештата на своето место може да ви помогне да се фокусирате и да ги организирате вашите мисли. Од друга страна пак, средените полици, фиоки и шкафови можат да делуваат позитивно на вашата психа. Доколку средината околу вас е уредна и организирана, тоа несвесно се пренесува и на вашиот живот.rn

8. Танцување

rnКога сте дома танцувајте како никој да не ве гледа. Движењата на ритамот на музиката неверојатно многу помагаат при елиминирањето на стресот. Исто така танцувањето се доживува како забава, за разлика од сличните вежби во фитнесот, па вие не само што ќе го подобрите вашето расположение туку и позитивно ќе влијаете на вашето тело.