Гејмај и не ги мрси прстите: Квики организира голем гејминг настан со јутјуберот Steffonator

Сподели

Дали е возможно да грицкаш, а воедно да не си ги мрсиш прстите додека играш видео игра?

Реклама
Реклама

Тајната ќе ви ја открие познатиот јутјубер Steffonator кој заедно со КВИКИ најавуваат супер забава за сите големи и мали љубители на видео игри.

Реклама
Реклама

Од 22 до 28 јуни 2020 година на официјалниот јутјуб канал на Steffonator ќе се одржи првиот гејминг настан, насловен како КВИКИ – ГЕЈМАЈ И НЕ ГИ МРСИ ПРСТИТЕ наменет за сите гејмери кои ќе можат да си ги одмерат силите против Steffonator во Fortnite, видео – играта која минатата година ја освои престижната титула Ultimate Game Of The Year. Официјални грицки за време на настанот се секако Квики, најкрцкавите и највскусните переци, солени стапчиња, рипчиња и гриц кои на воодушевување на сите, не ги мрсат прстите додека се играат видео игри.

Наградниот фонд за гејминг настанот е во висина од околу 35.000 денари, односно прва награда 15.000 денари, втора награда 9.000 денари, трета награда 6.000 денари и 10 Квики пакет производи.

Реклама

Повеќе информации околу начинот на пријавување, правилата за учество и начинот на бодување ќе можете да прочитате на фан-страната на Квики Македонија на Фејсбук.

Најново

Може ќе ве интересира