КАФЕ ПАУЗА

8 несакани ефекти од антибиотиците за кои лекарите ретко кажуваат

8 несакани ефекти од антибиотиците за кои лекарите ретко кажуваат

Најпознатите несакани ефекти од земањето антибиотици се гадење и дијареја. Речиси секој знае за нив, без разлика дали слушнал од лекар или од лично искуство. Но научниците откриле дека барем 20% од луѓето кои земале антибиотици имале несакани ефекти. Ова се некои од почестите.rn

1. Габична инфекција

rn8 несакани ефекти од антибиотиците за кои лекарите ретко кажуваатrnrnАнтибиотиците ја менуваат животната околина на бактериите во нашето тело, па стануваме поранливи на габични инфекции. Инфекцијата може да се појави во устата, на кожата или под ноктите. Доколку примате долга терапија со антибиотици, прашајте го вашиот лекар и за третман за габична инфекција.rn

2. Менување на бојата на забите

rn8 несакани ефекти од антибиотиците за кои лекарите ретко кажуваатrnrnТетрациклинот може да ја промени бојата на забите кај деца помлади од 8 години. Ако бремена жена ги зема овие антибиотици, постои можност нејзиното дете да има проблеми со емајлот на забите. Неодамна научниците открија дека модерниот антибиотик доксициклин не ја менува бојата на забите кај возрасните. Но се разбира, земајте го само ако ви е препорачано од вашиот лекар.rn

3. Треска

rn8 несакани ефекти од антибиотиците за кои лекарите ретко кажуваатrnrnТреската може да биде предизвикана од многу нешта освен од антибиотици. Но, ако треската започнала веднаш по терапијата со антибиотици, можно е да имате алергиска реакција. Најверојатно таа ќе помине сама, но доколку ви се влоши состојбата веднаш посетете лекар.rn

4. Алергиска реакција

rn8 несакани ефекти од антибиотиците за кои лекарите ретко кажуваатrnrnЕден од најопасните несакани ефекти е алергиската реакција. Во овој случај може да се појави осип, отоци на очните капаци, усните, јазикот, па дури и на грлото. Понекогаш во вакви ситуации пациентот се спасува со доза адреналин. Важно е да му кажете на лекарот за вашите алергии и да почнете да земате антибиотици од друга група.rn

5. Чувствителност на сонце

rn8 несакани ефекти од антибиотиците за кои лекарите ретко кажуваатrnrnНекои антибиотици влијаат на чувствителноста на вашата кожа на ултравиолетови зраци. Ако сте премногу изложени на сонце додека ги пиете овие лекови, имате поголема шанса да изгорите. Најдобро е да не излегувате на сонце од 10 до 14 часот, да користите заштитна крема и да се покриете со облека.rn

6. Проблеми со срцето

rn8 несакани ефекти од антибиотиците за кои лекарите ретко кажуваатrnrnНе се случува често, но антибиотиците можат да предизвикаат проблеми со срцето. Најчесто настанува аритмија или низок крвен притисок. Ако почувствувате нешто вакво, веднаш посетете го вашиот лекар.rn

7. Главоболка и вртоглавица

rn8 несакани ефекти од антибиотиците за кои лекарите ретко кажуваатrnrnГлавоболките и вртоглавицата се популарни несакани ефекти кај антибиотиците. Но, најчесто симптомите прекинуваат штом ќе завршите со терапијата. Ако главоболката не е премногу силна, можете да испиете апче за болка. Доколку не можете да ја поднесете болката, вашиот лекар ќе ви помогне.rn

8. Несакана бременост

rn8 несакани ефекти од антибиотиците за кои лекарите ретко кажуваатrnrnАко земате рифамицин, а истовремено пиете пилули за контрацепција, заштитата може да се намали. Со ова се зголемуваат шансите за несакана бременост. Другите антибиотици немаат толку силно влијание. Додека пиете терапија, користете и уште некое средство за заштита за време на однос.rnrnДоколку земате антибиотици и забележите некои несакани ефекти, немојте сами да се справувате со нив и немојте да ги игнорирате. Веднаш посетете професионалец.rnrnПогледнете и како да го исчистите вашето тело по пиењето антибиотици.