5 начини да го исчистите телото по пиењето антибиотици

Сподели

Единствената намена на антибиотиците е да ги елиминираат бактериите што предизвикуваат одредени болести на организмот. Но, иако тие имаат позитивни страни, сепак имаат и несакани последици што можат да доведат до слабеење на имунитетот и уништување на „добрите“ бактериите во организмот – оние од суштинска важност за нашето здравје.

Антибиотиците не ги уништуваат само патогените бактерии, туку и претходно споменатите „добри“ бактерии (што помагаат при варењето на храната, создаваат невротрансмитери, синтетизираат витамини…), па затоа е многу важно да се обидете што побрзо да си го заздравите организмот, особено ако сте ги пиеле оние со широк спектар. Чистењето на организмот претставува секојдневен труд, но тоа е единствениот начин на кој ќе успеете да одржите рамнотежа помеѓу бактериите и габите, односно кандидата, што може значително да му наштети на вашето здравје.

Реклама

Постојат неколку начини на кои можете да го подобрите имунитетот и да го исчистите телото по земањето антибиотици:

1. Еден од најдобрите начини е да започнете процес на чистење на организмот така што ќе консумирате храна што е богата со антиоксиданси. Тоа се овошјата и зеленчуците! Храната богата со антиоксиданси ќе ги елиминира и отстрани остатоците од антибиотикот во клетките и крвта и ќе ви го подобри имунитетот. Сировите овошја и зеленчуци би требало да се состојат во поголемиот дел од вашата исхрана за да можете одново да поставите рамнотежа во организмот.

Реклама

2. По земањето антибиотик, добро би било да вклучите и витамин Ц во форма на суплементи. Препорачаната дневна доза од овој витамин е 500 милиграми и нема потреба да ја надминувате бидејќи организмот ќе ви го исфрли вишокот.

3. Од исхраната исфрлете го обработениот шеќер, преработената храна, скробот, вештачките бои и вкусови, како и конзервансите бидејќи претставуваат добра база за создавање и развивање кандида. Би требало да избегнувате и одредени овошја што имаат висок процент на шеќер. Побарајте здрави алтернативи за засладување во периодот на чистење на организмот.

4. Послушајте го најдобриот совет за здравје и внесувајте бар 2 литра вода дневно. На тој начин го прочистувате црниот дроб, заедно со бубрезите и го подобрувате имунитетот.

5. Не заборавајте на пробиотските суплементи што е добро да се пијат и за време на антибиотиците, а не само потоа. Изберете квалитетни и проверени пробиотици бидејќи стомачната киселина ги елиминира повеќето од оние што се наоѓаат на пазарот. Исто така, по завршувањето со антибиотиците, можете да консумирате и домашни ферментирани производи (јогурт, кефир…) што ќе ја обноват вашата цревна флора.

Прочитајте ги и овие 4 важни нешта кои треба да ги знаете за антибиотиците.

Најново

Може ќе ве интересира