Ако мислите дека справувањето со испадите на вашите деца е еден од најлошите делови од родителството, не сте сами. Секој родител одвреме-навреме треба да се соочи со гневот на неговите деца. Во овие моменти децата можат да бидат гласни, па дури и застрашувачки, но ова е нормален процес низ кој минува секое дете додека расте. Она што е важно е да научите како да го смирите вашето дете без да му ги повредите чувствата. Следниве совети ќе ви помогнат во тоа…rnrn
rn
1. Дозволете му на детето да биде разочарано и да ги спознае неговите чувствата
rnЕмоционалниот колапс е нормален и за децата и за возрасните, па на сите нам ни е потребно време и простор за да се справиме со чувствата. Не обидувајте се да го смирите детето. Ако се наоѓа на безбедно место, само дајте му простор и време. Ако вашето дете трча додека е гневно, оставете го, само обрнете внимание на опкружувањето и на неговата безбедност.rn
2. Немојте да го обвинувате детето
rnКога децата се немирни, особено во јавност, често привлекуваат туѓи погледи. На луѓето не им се допаѓаат вревата, гласното смеење, трчањето, викањето или што било друго „екстремно“. Не заборавајте дека децата не можат да се справат со емоциите како и возрасните, па немојте да ги обвинувате за нивната природна потреба да ги искажат чувствата. Некои родители ги обвинуваат децата за нивниот емоционален колапс бидејќи го сфаќаат лично. Дури и ако вашето дете ви вика и ви кажува работи што ве повредуваат, не заборавајте дека неговото однесување не е насочено кон вас. Детето едноставно ги покажува неговите фрустрации.rn
3. Помогнете му на детето да ја надмине фрустрацијата
rnДоколку вашето дете е гневно бидејќи не успеало да си ги обуе чевлите, помогнете му да ја научи таа вештина. Ако му помогнете, најверојатно нема повторно да биде гневно за тоа и ќе се чувствува исполнето. Доколку не можете да ја задоволите потребата на детето во моментот, охрабрете го и речете му: „Ќе го направиме тоа заедно следниот пат и јас ќе ти помогнам“.rn
4. Прегрнете го навистина силно
rnСилните прегратки ќе му помогнат на детето да се чувствува безбедно и ќе му дадат до знаење дека сте овде да му помогнете, дури и ако не се согласувате со него. Покрај тоа прегратките го зголемуваат нивото на окситоцин, хормонот што го намалува стресот и ја одржува психичката стабилност.rn
5. Одберете ги вистинските зборови
rnЕкспертите сметаат дека колку погласно плаче вашето дете, толку понежно треба да му зборувате. Исто важно е и што ќе му кажете. Немојте да дискутирате за неговиот гнев додека е гневно. Наместо тоа смирено кажете му дека нема да го добие тоа што го сака доколку вика и клоца, а кога ќе се смири разговарајте за проблемот. Дискутирајте користејќи едноставен јазик и обидете се да ја спознаете фрустрацијата на детето. Според експертите, можете да искористите некоја од овие реченици:rn
- rn 011
- „Беше гневен бидејќи храната не беше каква што сакаше.“
- „Извини што не те разбрав. Сега кога не викаш можам да откријам што сакаш.“
rn 011
rn
rn
6. Смирете го детето и направете да се чувствува удобно
rnОбидете се да му го одвлечете вниманието на детето со нешто што го смирува. Ова може да биде неговата омилена книга, некоја ужина или играчка. На овој начин детето ќе биде зафатено и најверојатно ќе заборави на гневот и причината. Според експертите вниманието на децата е многу кратко, па лесно можете да го одвлечете.rn
7. Понудете му храна или спиење
rnПомислете колку сте гневни кога сте гладни или кога ви се спие. Децата се чувствуваат сосема исто. Психолозите тврдат дека секогаш кога вашето дете е гневно, храната или спиењето можат да му помогнат. Можеби вашето дете е само уморно и гладно, па нема да има потреба дополнително да се обидувате да го смирите.rn
8. Контролирајте го вашиот темперамент
rnПлачењето на детето може да го вознемири секој родител, но нема да го смирите само ако си викате еден на друг. Вдишете длабоко и смирено објаснете му на детето зошто лошото однесување нема да му помогне да го добие она што го сака. Поставете добар пример за вашите деца и тие ќе научат како да се справуваат со негативните емоции гледајќи ве вас.rnrnПогледнете и кои се речениците што никогаш не треба да му ги кажете на вашето дете.
