rn
5. Макси фустан + Сандали со високи потпетици
rnОставете голем впечаток со оваа женствена комбинација. Неутралните бои ќе направат да изгледате нежно на фотографиите, а доколку сакате повпечатлив изглед, додајте некоја интересна алка.rn
6. Долг елек + Кошула со копчиња + Тесни фармерки + Впечатливи штикли
rnОва е одлична комбинација за сите ниски девојки! Силуетата што ја создава долгиот елек ќе направи да изгледате повисоко на фотографиите, додека пак впечатливите штикли ќе го одвлечат целото внимание од вашата ситна градба и ќе ви додадат висина на целосниот изглед.rn
7. Широк џемпер + Миди здолниште + Салонки со боја на кожа
rnНикогаш не можете да згрешите со здолниште во форма на буквата А, кое го намалува вашиот струк и помага при истакнување на фигурата како песочен часовник. Пастелните бои на оваа комбинација создаваат еден вид монохроматски изглед што ќе ве издвои од останатите.rn
8. Бела маичка + Црни тесни фармерки + Разнобојни штикли
rnАко треба да одберете само една модна комбинација што би ја носеле до крајот на животот, дефинитивно треба да биде оваа! Црните фармерки секогаш истенчуваат, додека пак белата маичка е одличен додаток за фотосесија, бидејќи ги одржува нештата едноставни. Нека комбинацијата биде едноставна во однос на нијансите, но одберете впечатлива боја за вашите штикли.
Погледнете го и овој хит моден тренд за годинава: Кажете му „ДА“ на длабокото деколте!

