Повеќето денови можеме тотално да се извлечеме носејќи ја нашата најудобна модна комбинација, како на пример, фармерки и широка маичка, но кога станува збор за посебни прилики, каде што со сигурност ќе има фотосесија, ви треба облека што ќе ве издвои во објективот! За таа цел ви ги издвојуваме следниве модни комбинации кои не можат да ве разочараат пред блицовите.rn
1. Сако + Панталони со широки ногавици + Шпиц високи потпетици
rn
rnrnПанталоните со широки ногавици изгледаат чудесно на фотографиите бидејќи овозможуваат контраст на вашиот струк, правејќи го да изгледа многу потесен. Шпиц штиклите ќе ви ги издолжат нозете, додека пак, струкираното сако дополнително ќе ви ја дефинира силуетата.rn
2. Долг капут + Фармерки во форма на ѕвоно + Марама
rn
rnrnЗа разлика од вашите омилени тесни фармерки, овој модел визуелно ќе ви ги намали колковите, додека истовремено ќе ви ги истенчи и нозете. Особено ако ги одберете во потемна нијанса. Капутот дополнително ќе ви ги истакне најдобрите атрибути, а марамата ќе го насочи целото внимание кон вашето прекрасно лице.rn
3. Џемпер во форма на ролка + Рамни фармерки + Чизми со високи потпетици
rn
rnrnДодајте волумен во горниот дел, а намалете го надолу. Ова е најдобриот рецепт за да изгледате послабо на целосните снимки. Само запомнете да одберете фармерки со висок струк за да добиете подефинирана фигура. Чизмите имаат декоративна улога, за да ве издвојат од останатите.rn
4. Широка блуза + Лелеави панталони + Сандали со боја на кожа
rn
rnrnВреме е да ги извадите лелеавите панталони доколку сè уште не сте го сториле тоа. Овој широк модел со куси ногавици прави чуда за вашиот струк и ве издолжи на камера. Пролетниот ветер ќе овозможи филмски ефект, додека пак сандалите ќе му дадат топла нота на целиот изглед.rnrnПреминете на следната страница за останатите модни комбинации…rn
