Пеглата е многу покорисен апарат во домаќинството отколку што мислите. Не само што може да направи вашата облека да изгледа одлично, туку може да ги поправи и неправилностите на вашиот дрвен мебел, правејќи ја површината како нова. И, доколку не можете да извадите гума за џвакање од вашата облека, пеглата и овде може да ви помогне!
Добро е кога луѓето прават нешто неконвенционално користејќи обични работи. Па, затоа споделуваме неколку работи за кои не очекувате дека пеглата може да ви биде од корист!rn
1. Можете да ги израмните вдлабнатините на мебелот
rnЗа да ја отстраните вдлабнатината од вашата дрвена маса или од кое било друго дрвено парче мебел, потребна ви е пегла, парче ткаенина и вода. Попрскајте малку вода на вдлабнатината, покријте ја со влажно парче ткаенина и пеглајте. Од време на време додавајте вода на ткаенината и повторно пеглајте. Повторувајте го ова се додека вдлабнатината не се израмни.rn
2. Можете да отстраните восок од свеќи
rnДоколку имате восок од свеќа на облеката, на вашиот тепих или на било која ткаенина, можете да го отстраните со пегла. Едноставно ставете ја областа со восок помеѓу 2 крпи и притиснете со топла пегла (проверете дали е на ниска температура). Восокот ќе се запепи на крпите, а вие ќе се ослободите од дамките на облеката. Истиот трик може да се користи и за отранување на восокот од свеќи од тврди површини.rn
3. Можете да отстраните гума за џвакање од вашата облека
rnПоставете ја областа со гума за џвакање на парче дебела хартија, така што страната со гума за џвакање да допира на хартијата. Пеглајте на спротивната страна од ткаенината. Гумата за џвакање ќе омекне и ќе се залепи за хартијата, со што ќе овозможи лесно да го отстраните остатокот од вашата облека. Бидете сигурни дека температурата не е премногу висока, во спротивно гумата за џвакање ќе се растопи и ќе биде тешко да се отстрани.rn
4. Можете да готвите храна
rn
rn
rn
rnrn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rn
rnView this post on Instagramrn
rn
rn
rnrnrn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rnrn
rn
rn
rn
rn
rnrn
rn
rn rn
rn
Пеглата можете да ја користите за да подготвите скоро сè што нормално би приготвиле на шпорет. Само ставете на неа фолија, додадете малку путер или масло и имате тава за пржење! Друг начин да го направите тоа е да ставите храна помеѓу две парчиња фолија и потоа да загревате со пеглата. На овој начин можете дури да пржете и сланина! За тоа, можеби ќе ви треба и даска за сечење и крпа за да бидете сигурни дека нема да ја оштетите површината, а може лесно да ги исчистете маснотиите од пеглата.rn
5. Можете да ги отстраните дамките од топлина од дрвените површини
rnАко ставите топла чинија или чаши на дрвена маса, може да се појават дамки од топлината. За да ги отстраните, прво поставете крпа над дамките. Потоа, испеглајте ја областа со пегла на пареа.rn
6. Може да ги отстраните вдлабнатините на тепихот, направени од мебелот
rnАко одлучите да се ослободите или да преместите парче мебел, ќе забележите дека останало вдлабнатина на тепихот. За да ја остраните, земете влажна крпа и ставете ја над вдлабнатината. Потоа загревајте ја крпата со пегла на пареа. Од време на време подигнувајте ја крпата за да се ослободат влакната од тепихот. Повторете неколкупати, сè додека не ги видите посакуваните резултати.rn
7. Можете да сочувате цвеќиња
rnОбично, потребни се неколку недели за цвеќината да станат доволно суви за да ги сочувате во книга. Со пегла, ќе бидат потребни само неколку минути. Ставете го цветот помеѓу 2 листови хартија и израмнете го со нешто тешко. Со пеглата загреана на ниска температура, притиснете го горниот дел од хартијата 15 секунди. Потоа, оставете ја хартијата 15 секунди да се олади и повторувајте го процесот додека цветот не се исуши.rn
8. Можете да ги пластифицирате вашите документи
rnНе мора да купувате машина за пластифицирање за да ги пластифицирате вашите документи. Само ставете парче хартија помеѓу 2 листови за пластифицирање, ставете парче ткаенина на врвот и пеглајте. Внимавајте температурата да не е премногу висока и да нема вода во пеглата.
Можеби сакате да дознаете и зошто вашите садови остануваат валкани и по миењето во машината за садови?rn

