Оваа прекрасна вила е вистинското скривалиште за оние кои сакаат да побегнат од градската џунгла и својот мир да го побараат во тишина и живописна глетка која смирува. Сместена е во идиличната природа во северниот дел на сојузната држава Ајдахо во САД, на брегот на езерото Чикен Поинт Кебин.

Оваа вила е дело на тимот архитекти на американската компанија Olson Kundig Architects, чија идеја била да изградат крајбрежна куќичка со огромен прозорец, со чие отворање овој објект целосно ќе го впие природниот амбиент и ќе се претвори во незабележлив дел од околината. Овој прозорец всушност е ѕидот кој гледа кон езерото, има димензии 9х6 метри, а се отвора со посебен механизам вграден на соседниот бетонски ѕид.



Архитектите успеале да создадат ентериер, кој и покрај комфорот ќе потсетува на шумска колиба, со тоа што дел од деталите ги оставиле да изгледаат како недовршени.




rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
