КАФЕ ПАУЗА

7 знаци што откриваат дека родителите на партнерот се токсични личности

7 знаци што откриваат дека родителите на партнерот се токсични личности

Наоѓањето партнер може да биде навистина тешко во денешно време, а уште потешко е ако неговите родители се токсични. Ако барате партнер за долгорочна врска, неговите родители може да бидат причина за преиспитување на врската, а овие 7 знаци дека покажуваат дека тие се токсични личности.rnrn7 знаци што откриваат дека родителите на партнерот се токсични личностиrn

1. Секогаш се мешаат во вашите работи

rnТие се родители на вашиот партнер, но немаат улога во вашата врска, особено кога не се согласувате со саканата личност. Тие секогаш ќе влијаат на вашата врска, а никому не му треба таква главоболка.rn

2. Ве омаловажуваат вас и вашите избори

rnАко неговите родители ве омаловажуваат кога ќе одлучите да излезете со пријателите или да направите нешто што ве расположува, ова е главен знак дека вашите идни свекор и свекрва се токсични и време е да бегате.rnrnТие треба да ве поддржуваат, а не да ве критикуваат.rn

3. Ви поставуваат правила што треба да ги следите кога ќе се гледате со нивното дете

rnОва е екстремна контрола и не е нешто што треба да го толерирате.rn

4. Родителите секогаш влијаат врз животните одлуки на вашиот партнер

rnОва е лош знак и за вашиот партнер и за неговите родители. Вие сте доволно возрасни за да бидете одговорни за сопствениот живот. Родителите не треба да се обидуваат да носат одлуки во името на своите возрасни деца.rnrnПокрај тоа, вашиот партнер треба да постави граници ако родителите постојано го прават тоа. Ако партнерот не го стори тоа, треба искрено да разговарате со нив или да ја преиспитате вашата врска.rn

5. Тие започнуваат расправии за неважни работи

rnНикој не сака постојано да се справува со непотребни расправии. Ако неговото семејство започнува расправија со вас поради нешто за што не се согласувате, тогаш тоа е алармантен знак.rn

6. Треба да побарате дозвола за да му купите подарок на вашиот партнер

rnЗамислете дека мора да добиете одобрение пред да купите подарок за саканата личност. Ова е главен знак дека родителите на партнерот се токсични и тоа покажува дека тие сакаат да имаат целосна контрола и над малите работи и ќе сторат сè за да го направат тоа.rn

7. Родителите имаат целосна контрола над дневниот распоред на вашиот партнер

rnДури и ако вашиот партнер живее под ист покрив со своите родители, тие немаат право да управуваат со неговиот живот. Освен тоа, свекорот и свекрвата ќе продолжат да го прават истото и откако тој ќе се ожени.rnrnПрочитајте зошто понекогаш е потешко да се справите со вашата золва отколку со свекрвата.