Ако никако не можете да излезете на крај со вашата коса, решението можеби не е во потстрижувањето и новата фризура, туку во промена на начинот на кој го носите патецот. Според типот на вашата коса, одредете кој е најдобриот избор за вас.rnrn
rn
Тенка коса
rnНајголемата грешка која можете да ја направите ако имате тенка и безживотна коса е да го чешлате патецот по средината на главата. Вам ви треба патец настрана кој ќе ви помогне да ја одлепите малку косата од темето и да ѝ дадете малку волумен.rn
Ако имате брановидна коса
rnДевојките со благо виткана коса секогаш изгледаат гламурозно, но најдобро им стои патец на средина. Ако имате малку поголем нос, сепак поместете го патецот малку настрана.rn
Виткана коса
rnВитканата коса најдобро изгледа кога е дива и кога нема премногу средства на неа, па така најатрактивно ќе изгледате доколку само ја пуштите да паѓа „како таа сака“.rn
Диви прамени
rnМногу жени околу челото имаат вртлози кои претставуваат диви прамени кои не можат да се скротат. Затоа најдобро е да носите патец настрана и тоа во онаа насока во која вртлогот природно се движи.