КАФЕ ПАУЗА

8 работи кои мора да ги знаете пред да се одлучите да купите капут

Купувањето капут е голема инвестиција. Затоа, треба да одвоите време и да испробувате модели сѐ додека не го најдете идеалниот за вас. Линијата на рамената е најважна и неа не можете да ја промените. Должината е исто така важна, но повеќето модели може да бидат скратени. Еве на што треба особено да внимавате.rnrn8 работи кои мора да ги знаете пред да се одлучите да купите капутrn

1. Ширина

rnКога ќе испробувате капут, носете два слоја облека, блуза и тенок џемпер. Капутот мора да ви биде удобен. Ако ви е тесен, пробајте поголем број или друг модел. Доколку носите сако, облечете го и него пред да го пробате капутот.rn

2. Движење

rnПроверете дали можете слободно да се движите. Да возите, да ја дигнете раката и слично. Ова е обично изводливо кога капутот е голем, но на овој начин ќе ја изгубите женската силуета. Затоа, вреди да одвоите време и да барате модел кој ви е удобен и добро ви прилега.rn

3. Должина

rnДолжината на капутот избирајте ја според вашата висина. На ниските дами најдобро им стојат капути со должина до колената или пократки. Високите жени може да носат капути со различни должини. Моделите до колената се најдобри, убаво изгледаат и со здолниште и со панталони, а оние кои се пократки најдобро изгледаат со панталони.rnrn8 работи кои мора да ги знаете пред да се одлучите да купите капутrn

4. Рамена

rnСекој капут треба да завршува на работ на рамената. Моделите кои се пошироки од рамената ќе ја изгубат женствената линија, а оние пак кои се пократки ќе изгледаат како да ви се мали.rn

5. Ширина на ракави

rnРакавите треба да бидат грациозни и не премногу широки, но сепак доволно за под нив да можете да облечете два слоја облека.rn

6. Должина на ракавите

rnРакавите треба да завршуваат отприлика два до три сантиметри по зглобот на раката. Доколку завршуваат на самиот зглоб, тие се прекратки. Што се однесува пак со ракавите со должина од три четвртини на вашите раце, најдобро е да завршуваат помеѓу лакотот и рачниот зглоб.rn

7. Опаѓање

rnБез разлика на моделот и материјалот, капутот мора убаво да паѓа, да создава прекрасна силуета и да има убава вертикална линија која никаде не се прекршува.rnrn8 работи кои мора да ги знаете пред да се одлучите да купите капутrn

8. Важна е и јаката

rnМоделите со ревери со средна должина им прилегаат на сите. Треба да внимавате да не избирате премногу детски модели, а јаките кои наликуваат на оние на кошулата се погодни за моделите кои имаат два реда копчиња. Високата јака и шал делуваат атрактивно, но им одговараат само на жените кои имаат подолг врат.