Во статијата Дали хигиенски ги користите вашите леќи?, го споменавме истражувањето на магазинот „Optometry and Vision Science“, според кое само 2% од луѓето хигиенски ги користат леќите, а дури 80% се во заблуда дека правилно ги употребуваат. За да не спаѓате во тие 80%, ви препорачуваме да ги прочитате следните 7 златни правила за употреба на контактните леќи.
rn
1. Секогаш убаво мијте ги рацете
rnНајважен чекор е темелното миење на рацете пред ставањето и вадењето на леќите. Окото е сензитивен орган и дури и најмалите бактерии може да предизвикаат голем проблем. Затоа, внимавајте и секогаш обрнувајте внимание на чистотата на рацете.rn
2. Менувајте го растворот во кутијата секој ден
rnНе ги оставајте леќите во истиот раствор неколку дена, мислејќи дека така ќе заштедите на време и пари. Не само што ризикувате да се здобиете со инфекција, туку и дополнително создавате нечистотии на самите леќи, што подоцна ќе ви го отежни видот. Затоа, секојдневно менувајте го растворот во кутијата за чување.rn
3. Вадете ги леќите пред спиење
rnВадењето на леќите пред спиење е важно бидејќи така полесно се задржува нивниот квалитет и употреба. И секако, препорачливо е очите да се одморат од нив, барем додека спиете.
rn
4. Ставете ги леќите, па нанесувајте шминка
rnСекогаш ставајте ги леќите пред нанесувањето шминка. На тој начин, ги избегнувате честичките шминка што може да се залепат на леќата и да ви го нарушат видот. Истото важи и за вадењето на леќите. Првин извадете ги, па отстранете ја шминката.rn
5. Ноктите нека ви бидат пократки
rnДолгите нотки може да попречат во правилното ставање и вадење на леќи. Затоа, трудете се да имате добро средени, кратки нокти, за да не дојде до гребење и кинење на контактните леќи.rn
6. Кутијата за леќи менувајте ја секој месец
rnПовеќето офталмолози препорачуваат менување на кутијата за леќи на секои две до четири недели, а најмногу до шест. Тие воопшто не се скапи и најубаво е уште веднаш да си набавите повеќе. Очите и леќите ќе ви бидат благодарни.
rn
7. Плакнете ги леќите
rnПред да ги ставите леќите, најпрвин положете ги на дланката, на нив нанесете раствор за леќи и нежно масирајте ги неколку секунди. Ова ќе ги исчисти наталожените нечистотии. А доколку често ви се случува да ви се сушат очите и леќите да постанат лепливи, а видот матен, тогаш најдобро е да си набавите вештачки солзи, кои би ги нанесувале во текот на денот.rnrn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

