КАФЕ ПАУЗА

7 вистини за нашиот живот кои треба да научиме да ги прифатиме во раните 20-ти години

Written by

in

,

20-тите години се период кога започнува самостојното патување низ животот. Со една торба на рамото, бескрајна храброст и силна верба дека вашата задача е да го позлатите патот до крајот на вашиот живот. Но, тоа не е точно. Вие имате 20 години и најважно е да знаете дека сѐ што треба е да се опуштите, да престанете со бркањето сенки и да уживате во патувањето.rnrn7 вистини за нашиот живот кои треба да научиме да ги прифатиме во раните 20-ти годиниrn

1. Прифатете дека не можете да ги контролирате луѓето

rnНе можете да ги натерате да останат. Не можете секогаш да ги натерате да си заминат. Не можете да ги натерате да ви останат верни. И дефинитивно не можете да ги натерате да ве сакаат.rn

2. Прифатете дека можете да си заминете

rnВие сте единствените кои можат да ги променат своите околности. Ако не ви се допаѓа облеката што ја носите, не носете ја. Ако не ви е забавно на некоја забава, одете си дома. Ако ја мразите вашата работа, најдете друга. Ако не ви добро во врската, раскинете.rn

3. Прифатете дека никој не е совршен и сите се помалку луди

rnНиедна врска во животот нема да ви биде беспрекорна. Престанете да ги обвинувате родителите затоа што не сте совршена личност. Не ги обвинувајте вашите љубовници затоа што не разбираат што сè ве фрустрира. Наместо тоа, опкружете се со несовршени, луди луѓе кои ќе ве направат среќни.rn

4. Прифатете го фактот дека ништо не е вечно

rnПрекрасните летни зајдисонца се претвораат во горчливи зимски ноќи. Луѓето се менуваат. Врските еволуираат. Понекогаш сте подготвени за овие промени, но во други случаи со сите сили се борите сè да остане како што е. Прифатете го фактот дека убавото зајдисонце наскоро ќе исчезне. Соочете се со вистината дека нашето време на Земјата е ограничено. Сè што може да направите е да ги цените убавите денови и да верувате дека тешките моменти наскоро ќе завршат.rn

5. Прифатете дека целта на вашето патување не е да добиете сè што ќе посакате

rnТоа може да значи дека треба да научите да живеете без некогаш да ја најдете работата од соништата. Тоа може да значи никогаш да не стапите во брак, да немате деца, да не дипломирате или да немате милион евра. Тоа може да значи прифаќање на неочекуваните пресврти кои животот го прават вреден за живеење. Потиснете ги настрана идеите за тоа што мислите дека би требало да бидете, за да направите простори за личноста која навистина сте.rn

6. Прифатете дека нема да имате одговор на сите проблеми

rnЗошто сè уште се грижите за личноста која ве повредила најмногу во животот? Зошто ужасни нешта им се случуваат на прекрасни луѓе? Некои работи не се едноставни. Животот не е фер. Прифатете дека секој следен момент од животот е како подарок. Некогаш сè што може да направите е да не се грижите премногу и едноставно верувајте дека сè е дел од поголемиот план.rn

7. Најважно од сè, прифатете се себеси

rnПрифатете ги сите вашите мисли. Прифатете го вашето тело. Прифатете ги вашите порази и недостатоци, научените лекции и лузните. Живејте без каење. Живејте храбро и слободно. Не дозволувајте им на другите да ја дефинираат вашата вредност. Вие сте прекрасни и храбри. И ако сè уште дишете, имате време да го живеете животот кој го посакувате.