Наскоро ќе се одржи познатото автомобилско шоу во Франкфурт, на кое Ауди ќе го презентира својот бренд во привремена зграда, дизајнирана од германската фирма „Schmidhuber+Partner“.
Изложбата во централната хала ќе ги води посетителите низ презентација на најновите модели на Ауди, која ќе биде проследена со технолошки парк со интерактивни експонати и екрани, преку кои компанијата ќе покажува како ги следи најновите технологии.
Зградата ќе биде долга 100 метри, широка 70 и висока 12 метри. Во неа ќе има и тест патека од 400 метри, каде што посетителите ќе ја имаат можноста да ги искусат сегашните и идните возила во живо. Во исто време ќе можат да се управуваат 9 возила. Шоуто во Франкфурт ќе се одвива од 15 до 25 септември, а Ауди рингот ќе остане таму до 20 октомври.

rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Елегантната затворена тест патека на Ауди
