Дали ви се појавуваат акни, или пак имате сува кожа и депигментација? Овие симптоми може да бидат знак на кожа во менопауза. Бидејќи кожата е најголемиот орган на телото, таа ни дава многу знаци за нашето здравје. Сите знаеме колку кожата сака да ја покажува нашата возраст, а истото важи и за менопаузата.rn
1. Акни
rn
rnrnЕден од првите знаци се акните. Причината за ова е промената на рамнотежата на естрогенот и тестостеронот. Акните најчесто се појавуваат на вратот и брадата. За да се справите со ова, додајте ретинол во третманот за вашето лице, користете тоник со гликолична киселина и имајте марамче за отстранување на маснотиите. Исто така отстранете ги продуктите кои ја сушат кожата.rn
2. Опуштена кожа и брчки
rn
rnrnБидејќи за време на менопаузата се намалува нивото на естроген, резултатот е губење на потребните масти под кожата на лицето, вратот, дланките и рацете. Ова предизвикува брчки и опуштање на кожата. За да се справите со проблемот, користете пептиди, како и третмани со радиофреквенција.rn
3. Зголемено губење на трансепидермална вода и сува кожа
rn
rnrnДали сте забележале намалена влажност на вашата кожа? И оваа појава може да биде поврзана со менопаузата. Најдобриот начин е да почнете да консумирате масни киселини како омега 3. Тие се наоѓаат во лососот, оревите, јајцата и маслата од алги и ќе ја хидрираат вашата кожа. Исто така, секогаш нанесувајте заштитна крема од сонце на лицето.rn
4. Хиперпигментација и дамки
rn
rnrnАко забележите дамки или промена на бојата на лицето, причината може да е менопаузата. Естрогенот е поврзан и со производството на меланин. За да се справите со овој проблем, користете продукти со нијацинамид и користете крема со заштитен фактор.rn
5. Топлина
rn
rnrnАко веќе сте во менопауза, ненадејниот топлински бран може да ви е добро познат. Најсилно се чувствува на лицето, а може да биде проследен и со прекумерно потење. Сепак, и за ова има решение. Почнете да користете маски со антиоксиданси кои ќе ја навлажнат вашата кожа.rn
6. Влакна на лицето
rn
rnrnПоради зголеменото ниво на тестостерон, кај некои жени може да се појават влакна на лицето, особено на брадата. Наместо да ги отстранувате со пинцета, најдобро е да отидете кај дерматолог кој ќе ви помогне да се справите со несаканите влакна.rn
7. Мрсна кожа
rn
rnrnАко немате сува кожа во текот на менопаузата, можно е кожата да почне да ви се мрси. И овде виновен е тестостеронот. Во овој случај, користете нежни продукти за чистење на лицето, но немојте да претерате со негово чистење. Користете маски од глина, особено на деловите кои се најмасни.rnrnПогледнете и како да ги ублажите неподносливите симптоми на менопаузата.
