КАФЕ ПАУЗА

7 работи што ги открива начинот на одење за вашето здравје

7 работи што ги открива начинот на одење за вашето здравје

Кој размислува за тоа како ја става едната нога пред другата додека оди? Никој – сè до моментот кога ќе се појават здравствени проблеми. Вашиот начин на одење може да биде одраз на вашата физичка, ментална и невролошка состојба.rnrn7 работи што ги открива начинот на одење за вашето здравјеrn

1. Ја користите едната нога повеќе

rnОвој начин на одење открива дека ја штедите едната нога и веројатно станува збор за повреда на глуждот. Таквиот одење може да биде и последица на истегнување на лигаментот, повреда на стапалото, артритис и фактот што едната нога е пократка. Но, таквото одење може да му наштети на целото тело.rnrnТелото секогаш ќе активира механизми што ќе компензираат за неправилното одење. Некои пациенти може да имаат една нога пократка од другата, но може да го забележат тоа дури подоцна во животот кога ќе се истрошат зглобовите и со тоа ќе предизвикаат болка во грбот, во стапалото, во колената или во колковите. Ако болката во нозете стане постојана и силна, важно е да разговарате со лекар.rn

2. Одите полека

rnВозраста може да биде одговорна за бавното одење и мускулите на долниот дел од телото може да ослабат со возраста, а истото може да се случи и со мускулните влакна, па овие два феномени може да предизвикаат губење на силата и на тој начин да влијаат на брзина на движењето.rnrnИсто така, луѓето со вишок килограми и оние со дијагностициран остеоартритис често одат бавно.rn

3. Бавни, кратки чекори

rnАко не ги кревате стапалата од земја додека одите, тоа може да биде показател за Паркинсонова болест, па ако таквото одење кај вас е последица на болка, мора да разговарате со лекар. Исто така, можете да правите одредени вежби за зајакнување на мускулите што ги креваат стапалата.rn

4. Не одите право

rnНа некои луѓе им е тешко да одат право и да го задржат правецот, а причина за тоа може да биде слабиот глутеус.rnrnВаквото одење што наликува на одење на пингвин е исто така последица на остеоартритис во колковите, а вие можете да си помогнете со вежбање. Разговарајте со терапевт или со тренер за да ги изберете вистинските вежби за зајакнување на овие мускули.rn

5. Одите на прсти

rnАко сте среќни и возбудени, тие емоции можат лесно да се пренесат на начинот на одење.rnrnМожете да дознаете многу за менталната состојба на една личност според начинот на одење. Среќната личност ќе оди на прсти, па ќе изгледа како да потскокнува.rn

6. Грчеви во нозете

rnГрчевите се јавуваат често кај некои луѓе и тие остануваат вкочанети в место сè додека не се смири болката. Ако ова ви се случува постојано, може да станува збор за неоткриена болест, како што е болест на белите дробови или на артериите.rn

7. Често се сопнувате

rnАко причината е случајна дупка на патот, тогаш секако не станува збор за нарушено здравје. Сепак, ако ова ви се случува често, немојте да мислите дека сте само несмасни.rnrnДијабетичната невропатија е состојба која често не се дијагностицира. Како што напредува дијабетесот, стапалата може да станат нечувствителни, а пациентот честопати не ја чувствува промената на температурата во стапалата или не е целосно свесен за движењата на телото.rnrnОваа состојба на крајот може да стане болна, па затоа е важно да ја контролирате вашата состојба, да го мерите шеќерот во крвта и да вежбате за да го спречите проблемот.rnrnПрочитајте што открива за вашето здравје местото каде што ви се појавуваат брчки.