Легендарниот холивудски актер Пол Њуман е роден на 26 јануари 1925 година во американската држава Охајо. Имал само седум години кога глумел во училишна продукција на „Робин Худ“ и со тоа ја постигнал својата прва улога. Потоа станал дел од детската театарска програма предводена од театарот „Хаус“ во Кливленд, во која глумел на 10-годишна возраст во претставата „Свети Џорџ и змејот“.rnrn
rnrnПо дипломирањето во 1943 година, тој се запишувал на Универзитетот во Охајо, но се откажал од студирањето за да оди во војска. Потоа се запишал во пилот-школата на Универзитетот „Џеил“, која морал да ја напушти откако било утврдено дека е далтонист и не ги препознава боите.rnrnПо војската се вратил на класичното образование. Завршил глума и економија на приватниот колеџ „Кенион“, а потоа се вратил во „Џеил“ и студирал глума една година.rnrnПотоа, се вљубил во Џеки Вит и се ожени со неа. По раѓањето на нивниот син Скот, двојката се преселила во Њујорк каде што Пол се запишал на часови по глума во легендарното „Актери студио“ на Ли Страсберг.rnrnУлогата што претставува пресвртница во неговата кариера е таа во филмот „Мачки на врел лимен покрив“ од 1958 година во кој глумеше со Елизабет Тејлор. Тогаш тој ја доби својата прва номинација за Оскар. Поради изгледот и специфичните сини очи, Њуман сè уште ја носи титулата за најубав актер на сите времиња.rnrn
rnrn
rnrnСигурно не сте го знаеле ова за најголемиот холивудски заводник.
Поглед кој заведува: Дали е ова најубавиот актер на сите времиња?
