Далеку зад нас се деновите кога носевме обични, едноставни обетки, а денес гледаме толку многу интересни пирсинг трендови што скоро секој ден наоѓаме нов начин за да го носиме овој популарен накит. Најновиот пирсинг тренд кој го пронајдовме на социјалните мрежи е таканаречениот „heartilage“. Односно, тоа е пирсинг кој се наоѓа на рскавицата на увото и има срцевиден облик. Доколку досега не сте го виделе на Инстаграм, тогаш подгответе се за воодушевувањето кое следува.rnrn
rnrnТипичната обетка за рскавицата сега можете да ја замените со срце. Исто така, можете да направите две дупчиња на рскавицата, па да ја протнете обетката низ нив. Доколку го изберете овој начин, тогаш е многу важно тие дупчиња да бидат во иста линија и да бидат направени од професионалец.rnrn
rnrnИако е пирсингот долгорочна обврска, овој пирс ви дава доволно слобода за промени. Ако ви досади срцето, секогаш можете да го замените со плочка или неколку обични кружни обетки.rnrn

Нов неодолив тренд: Пирсинг на увото во форма на срце!
