КАФЕ ПАУЗА

7 производи за чистење на вашиот дом кои никогаш не треба да ги мешате

Written by

in

,

Погрешно е верувањето дека ќе добиете подобри резултати доколку измешате повеќе производи за чистење на вашиот дом. Напротив, нивното мешање може да биде многу опасно, бидејќи комбинацијата што ќе ја добиете може да произведе неочекувани хемиски реакции, штетни за вашето здравје. Со цел да се заштитите себеси и членовите на вашето семејство, погледнете кои производи за чистење никогаш не треба да ги мешате.rn

1. Белило и алкохол

rn7 производи за чистење на вашиот дом кои никогаш не треба да ги мешатеrnrnКомбинацијата на овие две хемикалии произведува хлороформ и хлороводородна киселина, а тие може да предизвикаат оштетување на нервниот систем, белите дробови, бубрезите, црниот дроб, очите и кожата. Покрај тоа, високото ниво хлороформ може да предизвика вртоглавица, гадење, губење свест, па дури и смрт.rn

2. Белило и амонијак

rn7 производи за чистење на вашиот дом кои никогаш не треба да ги мешатеrnrnОваа мешавина е многу опасна за вашето здравје. Таа произведува отровни гасови кои може да предизвикаат тешко оштетување на респираторниот систем. Покрај тоа, високата концентрација на амонијак и хлорамин (високо токсичен гас) исто така произведува многу опасна експлозивна материја.rn

3. Белило и оцет

rn7 производи за чистење на вашиот дом кои никогаш не треба да ги мешатеrnrnДодавањето слаба киселина во белилото произведува отровни гасови што може да резултираат со сериозни изгореници на очите и оштетување на белите дробови.rn

4. Белило и други производи за чистење

rn7 производи за чистење на вашиот дом кои никогаш не треба да ги мешатеrnrnХемиските производи за чистење на домаќинството, како што се средствата за чистење стакло, за чистење тоалет, како и детергентите наменети за машините за миење садови, никогаш не треба да ги мешате со белилото. Дури и минимално изложување може да предизвика сериозни респираторни проблеми.rn

5. Сода бикарбона и оцет

rn7 производи за чистење на вашиот дом кои никогаш не треба да ги мешатеrnrnОцетот е киселина, додека пак сода бикарбоната е слаба база, па кога ќе се измешаат заедно, тие реагираат за да се неутрализираат едни со други, најмногу произведувајќи вода поради што и речиси немате никаква корист од оваа комбинација. Но, најопасната работа е тоа што на овој начин може да предизвика експлозија доколку ги мешате во затворен сад.rn

6. Оцет и хидроген пероксид

rn7 производи за чистење на вашиот дом кои никогаш не треба да ги мешатеrnrnКога ќе ги ставите овие два производи заедно во сад, тие создаваат пероцетна киселина која, во високи концентрации, може да ја иритира, па дури и да ја оштети вашата кожа и вашите очи, грло, нос и бели дробови.rn

7. Производи за чистење од различни производители

rn7 производи за чистење на вашиот дом кои никогаш не треба да ги мешатеrnrnНикогаш не знаете дали мешањето на два различни производи за чистење ќе ви даде подобри резултати. Запаметете дека секоја формула е единствена и нивното мешање може да резултира со некоја несигурна и опасна хемиска реакција. Безбедноста нека ви биде на прво место, а притоа, запаметете ги следниве совети:rn

    rn011

  • Чувајте ги производите за чистење во нивната оригинална амбалажа и со нивните оригинални етикети.
  • rn011

  • Престанете или пак помалку користете го белилото и амонијакот во вашиот дом.
  • rn011

  • Ако користите белило или амонијак, измијте се темелно со многу вода.
  • rn011

  • Никогаш не мешајте го белилото со другите производи за чистење.
  • rn011

  • Секогаш следете ги инструкциите дадени од производителот.
  • rn011

  • Чувајте ги сите производи подалеку од дофат на деца.
  • rn

rnЗачувајте го своето здравје и погледнете кои од производите што се наоѓаат во вашиот дом се канцерогени.