Луѓето најчесто ја мијат косата во одредена доба од денот по навика. Но, верувале или не, постои идеално време за миење. Познатите фризери откриле дека во зависност од структурата на косата, на некои луѓе им одговара утринското миење, додека пак, на други навечер. Па во која група спаѓате вие?rnrn
rnrnДоколку имате тенка коса што брзо се мрси, експертите препорачуваат да ја миете од сабајле. Така вашата коса ќе изгледа свежо во текот на целиот ден. Од друга страна пак, доколку имате кадрава коса или пак, густа со дебели влакна, најдобро би било да ја миете навечер и веднаш по миењето да ја избришете со пешкир и потоа да ја оставите сама да се исуши. На тој начин ќе го задржите волуменот, додека истовремено и ќе им дозволите на кадриците да се обликуваат во нивната природна и совршена форма.rnrnПрочитајте ги и овие 4 експертски правила за миење коса – цел живот погрешно сме се миеле!
Наутро или навечер: Кое е совршеното време за миење на косата?
