Секоја жена сака да знае дека мажот со кој е во врска е заинтересиран за нејзиниот живот, дека сака подобро да ја запознае и дека може да разговара со неа на сите теми. Имајќи го тоа на ум, жените издвоиле 7 прашања што најмногу сакаат да ги чујат од мажите. Станува збор за едноставни прашања, што можат да имаат неверојатни ефекти на самата врска.rnrn
rn
1. „Кога би можела да бираш да живееш каде било на светот, каде би било тоа?“
rnСо ова прашање може да се започне многу интересен разговор. Опуштете ја фантазијата и отпатувајте ширум светот низ мислите. Возбудливо, а и романтично.rn
2. „Што сакаш од животот?“
rnЖената сака да знае дека мажот сериозно ја сфаќа нејзината работа и амбиција. Исто така, ова прашање може да отвори многу други теми и да заврши со разговори за тоа што и двајцата сакаат од животот.rn
3. „Каква си била како девојче?“
rnОва прашање може да измами насмевка на лицето на многу жени, и скоро инстантно да ги врати во безгрижните денови на детството.rn
4. „Можам ли да ти помогнам?“
rnЕдинствената подобра работа од тоа мажот да ја праша жената дали може да ѝ помогне со кесите од маркет, е нежно да ги земе кесите од нејзината рака без воопшто да ја праша дали ѝ треба помош.rn
5. „Каде би сакала да отпатуваш?“
rnСо ова прашање мажот покажува дека има широки видици. Исто така, можеби ќе се открие дека и двајцата сакаат да отпатуваат на истото место па веднаш ќе можат да почнат да ја планираат својата нова, заедничка авантура.rn
6. „Кој е последниот концерт на кој си била?“
rnЖените се согласуваат дека ова прашање е многу подобро од стандардното „Каква музика слушаш?“ Прашањето за концертот е поспецифично и со тоа можете подобро да споделите во каква музика уживате.rn
7. „Како си?“
rnТолку едноставно, а често занемарено прашање.rnrnВистинска или минлива љубов? Одговорете и на овие 25 прашања што ја откриваат вистината за вашиот интимен живот!