КАФЕ ПАУЗА

7 ноќни навики кои ја уништуваат вашата коса без да знаете

За некои од нас, средувањето на косата значи да поминеме со чешел низ неа пред да излеземе од домот. Други пак се подготвени да се разбудат со часови порано за да ја направат својата фризура. Без разлика на која група припаѓате, знаете колку е косата чувствителна и дека доколку сакате да биде здрава и сјајна, мора да ја негувате дури и додека спиете. Еве што би требало да избегнувате да правите ако сакате убава коса.rnrn1-7-nokjni-naviki-koi-ja-unishtuvaat-vashata-kosa-a-da-ne-ste-nitu-svesni-za-niv-www.kafepauza.mk_rn

1. Заминувате на спиење со мокра коса

rnВашата коса е најслаба кога е мокра, па одењето на спиење веднаш по бањањето ќе ѝ направи голема штета. Исушете ја барем малку пред да заминете на спиење.rn

2. Избегнувате да ја чешлате косата

rnДоколку не ги размрсите јазлите пред да заминете на спиење, тие наредното утро ќе бидат уште повеќе замрсени. Чешлањето на косата е одличен начин да ги распоредите нејзините природни масла по должина на косата.rn

3. Не ја храните косата

rnАко сте тип на личност која наутро се тушира, пред да заминете на спиење ставете маска или масло на краевите на косата, а потоа наутро измијте ја.rnrn2-7-nokjni-naviki-koi-ja-unishtuvaat-vashata-kosa-a-da-ne-ste-nitu-svesni-za-niv-www.kafepauza.mk_rn

4. Спиете со лак за коса

rnНекои лакови за коса драстично ја сушат косата, па би било добро да ги измиете пред да заминете на спиење.rn

5. Ја оставате косата подигната

rnНосењето на косата врзана во пунџа или високо опавче во текот на спиењето може исклучително да ја оштети. Пуштете ја косата или исплетете лабави плетенки.rn

6. Користите ластик или стегач за коса

rnАко и понатаму инсистирате за спиење со подигната коса (некои жени едноставно не може да поднесат пуштена коса во текот на спиењето), користете мек стегач. Избегнувајте ги класичните ластици бидејќи ќе ја оштетат вашата коса и изберете некој мек материјал. rnrn3-7-nokjni-naviki-koi-ja-unishtuvaat-vashata-kosa-a-da-ne-ste-nitu-svesni-za-niv-www.kafepauza.mk_rn

7. Спиете на памучни перници

rnПамукот ги впива природните масла од вашата коса и на тој начин ја суши. Наутро честопати се будите со наелектризирана коса. Потрошете малку повеќе пари на сатенска или свилена перница и косата ќе ви биде бескрајно благодарна.rn

8. Не сакате да инвестирате во нови перници

rnДоколку не сте подготвени да издвоите пари за сатенска или свилена перница, потрошете ги на сатенска или свилена марама. Спиењето со ваква марама ќе направи вашата коса да ја задржи потребната влажност.rnrnСтуденото време исто така ја менува текстурата на косата, па погледнете како да го спречите опаѓањето на косата во есен.