Сирупот од карамел е совршен додаток за многу десерти, а неговата подготовка воопшто не е тешка!rnrnИспробајте го нашиот рецепт уште денес и уживајте во неговата волшебност употребувајќи го како додаток врз палачинки, пуканки, сладолед, торти или колачи! Карамелот не е ништо друго освен златно, шеќерно задоволство.rnrn
rn
Потребни состојки:
rn
- rn 011
- 200 г шеќер
- 3 лажици вода
- малку цимет, путер или ванила за да може карамелот малку да го промени вкусот и да ја добие нотата што вам ви одговара.
rn 011
rn 011
rn
rn
Начин на подготовка:
rn
- rn 011
- Ставете го шеќерот во сад и додајте ја водата.
- Загрејте ја смесата на тивок оган, мешајќи со дрвена лажица. Важно е шеќерот да се стопи пред да почне да врие.
- Кога ќе забележите меурчиња престанете да мешате. Тогаш може да го мешате карамелот со кружно движење, држејќи го тенџерето или тавата над огнот. Колку подолго ќе ја задржите тавата на оган, толку потемна ќе биде неговата боја. Треба да внимавате да не ви изгори.
rn 011
rn 011
rn
rnЗабелешка! На крајот карамелот е многу топол, затоа внимателно ракувајте со него за да избегнете изгореници. Карамелот користете го врз претходно подготвени десерти или истурете го врз хартија за печење и да направите каква било форма за украсување на торта.rnrnА за да го надополните задоволството можеби сакате да дознаете и како да подготвите брзи фритули: Лесен рецепт за вашето омилено зимско засладување.