Шапките се посебен моден додаток кои би требало да имаат задолжително место во сечиј плакар. Додаваат свежина и го разигруваат изгледот. Тие се најдобриот моден додаток кој повторно се враќа во мода оваа сезона. Можат да изгледаат елегантно и софистицирано, но и секојдневно и релаксирано. Плус, тие се најдобриот избор кога вашата коса е во лоша состојба, а ве мрзи да ја средувате. Еве неколку предлози и идеи како да ги носите, а одговараат на сечиј вкус.rnrn
rn
Предлози:
rn
1. Бејзбол капче за спортски шик
rnБејзбол капата со патики, маичка и фармерки е одлична идеја ако целите кон секојдневен изглед. Исто така, ако сакате да направите некој посвечен изглед да изгледа порелаксирано или поспортски, едноставно додадете вакво капче.rnrn

rn
2. Елеганција со шешир со широк обод
rnАко носите нешто малку посвечено, како на пример елегантно здолниште со кроп топ или монохроматска комбинација, тогаш спојте го со интересен шешир со широк обод. Комбинирајте со чизмички или високи потпетици за нагласување на елеганцијата.rnrn
rn
3. Плетена капа за сите сезони
rnОвој вид изгледа добро со толку многу комбинации што може да се носи во сите годишни времиња. Во комбинација со патики, маичка и бојфренд фармерки изгледа совршено и релаксирано. Наметнете сако или јакна за пошик изглед.rnrn
rn
4. Сламен шешир за на плажа
rnГолем шешир кој го прекрива лицето од штетните сончеви зраци е единственото нешто кое ви е потребно во текот на летните месеци. Лесните шешири се одличен избор заедно со макси фустан. Исто така, сламената федора е супер за жежок летен ден со сандали, слатка маичка или тексас кошула и шорцеви. Или пак доволно е само костим за капење.rnrn
rn
Изгледи:
rn
Изглед бр. 1: Модерен комфор
rnХеланките од скај се одлично надополнети со џемпер во неонска боја кој додава малку колоритност на црната комбинација. Балетанките и палтото со силно изразена текстура додаваат малку шмек на целокупниот изглед. Важно е да балансирате со изгледот кога носите шапка бидејќи не сакате да изгледате како новогодишна елка.rnrn
rn
Изглед бр. 2: Софистицирана дама
rnФустан со федора шешир е комбинација со која никогаш не можете да погрешите. Тесните хулахопки со едноставниот фустан изгледаат одлично кога се носат со зашилени полу-чизмички за софистициран, но сепак секојдневен изглед.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
