КАФЕ ПАУЗА

7 најпопуларни ретро модни трендови

Времето минува, трендовите се менуваат, но неретко модните трендови се повторуваат. Ова се седумте моментално најпопуларни ретро изгледи кои се вратиле во мода. Од смело исцртани усни до мачкини очи или фризура како онаа на Одри Хепберн, слободно одете ретро и постигнете го посакуваниот ефект.rn

Смело исцртани црвени усни

rnМожеби ве потсеќа на 50-тите? Смело исцртаните усни со црвена боја дефинитивно го прават својот „камбек“ и сè почесто може да ги забележиме на црвениот тепих во денешниот моден свет. Секси, смели и заводливи. Доколку го немате испробано овој изглед, сторете го тоа веднаш.rn7 најпопуларни ретро модни трендовиrn

„Хипи“ фризура

rn70-тите се повторно „ин“. Станува збор за слободно пуштена коса со благи локни на краевите. Природен и нежен изглед, истовремено сладок и женствен.rn7 најпопуларни ретро модни трендовиrn

Дебел слој моливче за очи со крилести завршетоци

rnОдличен рецепт за секси и заводлив поглед. Секако, за да го постигнете ви треба вежба и трпеливост, но кога ќе станете свои професионални шминкери може да почнете да уживате праќајќи заводливи погледи. Ваквата шминка има уште подобар ефект доколку нанесете кафеав туш по рабовите од моливчето.rn7 најпопуларни ретро модни трендовиrn

Дебели веѓи

rnОвој изглед има шмек од 80-тите а веќе е испробан од страна на многу модели и актерки. Тенките веѓи веќе некое време не се во мода. Бидете слободни со поприроден изглед.rn7 најпопуларни ретро модни трендовиrn

Неонски усни

rnУште еден изглед од 80-тите, по кој биле препознатливи некои ѕвезди како Синди Лопер и Мадона. Флуоресцентната или неонската шминка ќе ви одговара без разлика на тенот, па бидете слободни со употребата на бои како розова, виолетова или портокалова.rn7 најпопуларни ретро модни трендовиrn

Брановита боб фризура

rnНавистина голем ретро хит од 20-тите, женствен и нежен. Кратката и брановита боб фризура е елегантна и е препознатлив тренд.rn7 најпопуларни ретро модни трендовиrn

Голема пунџа на врвот на главата

rnПрепознатливата фризура на Одри Хепберн од „Појадок кај Тифани“. Позитивната страна е тоа што многу лесно можете да ја направите и сами и за кратко да постигнете елегантен, женствен и стилски изглед.rn7 најпопуларни ретро модни трендовиrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.