КАФЕ ПАУЗА

Сексот во староста може да ја подобри работата на мозокот

Сексот во староста може да ја подобри работата на мозокот

Неодамнешното истражување во кое учествувале 28 мажи и 45 жени на возраст од 50 до 83 години открило интересни информации за влијанието на сексот во староста. Им бил даден прашалник на кој требало да одговорат прашања за нивниот сексуален живот. Исто така им бил направен и тест за нивните вербални и визуелни способности, се оценувал нивниот вокабулар, како и способноста да замислуваат предмети. Резултатите покажале дека, во просек, луѓето кои имале секс барем еднаш неделно имале подобри резултати од оние кои имале секс поретко.rnrnСексот во староста може да ја подобри работата на мозокотrnrnИстражувањето било спроведено од Универзитетот Оксфорд. Претходни истражувања кои ја споредувале работата на мозокот на сексуално активните луѓе со сексуално неактивните луѓе, покажале слични резултати. Но, во овие истражувања не се земало предвид колку често луѓето имале секс. Ниту едно од истражувањата не открило поврзаност помеѓу сексуалната активност и меморијата.rnrnНовото истражување било дел од поголемо истражување чија цел била да открие дали врската помеѓу сексот и работата на мозокот е биолошка. Доктор Хејли Рајт изјавила:rn

„Потребно е да откриеме какво влијание има сексот на луѓето кои имаат над 50 години.“

rnПогледнете и кои се здравствените придобивки од редовниот секс.