КАФЕ ПАУЗА

Троловите на интернет се нарциси, психопати и садисти

Троловите на интернет се нарциси, психопати и садисти

Сите сме сретнале трол на интернет. Тоа се луѓето кои влегуваат во дискусија со секого и даваат впечаток дека се тука само за да се караат и да навредат некој. Неговата цел не е конструктивно да учествува во дискусијата, туку да ја растури со тоа што ќе ги вознемири своите соговорници. Постираат навредливи содржини за конкретна личност, исмејуваат, заплашуваат или навредуваат со цел да привлечат внимание и да добијат одговор на кој возвраќаат исто како и што почнале – со навреда.rnrnТроловите на интернет се нарциси, психопати и садистиrnrnИ, како што веќе сите претпоставувавме, овие луѓе се ужасни. Група канадски научници се собрале за да видат какви луѓе можат да прават вакви работи и дошле до очекуван заклучок дека се работи за садисти, нарциси и психопати. Тие направиле две онлајн истражувања со над 1.200 луѓе, едно за нивните карактеристики на личноста, а другото за нивниот омилен начин на коментирање на интернет. Дел од нивните одговори биле:rn

    rn011

  • Сакам на други да им праќам веб-сајтови со шокирачка содржина заради сеир
  • rn011

  • Сакам да тролам луѓе на форуми или во коментари на веб
  • rn011

  • Уживам да ги сожалувам другите играчи на онлајн игрите
  • rn011

  • Колку е нешто поубаво и почисто, толку е послатко да му се фрли дамка
  • rn

rnРезултатите покажале дека кај оние кои преферираат да тролаат зад тастатурата, најизразена е т.н. „мрачна четворка“ на карактеристики на личноста: садизам, макијавелизам, нарцизам и психопатија. Тоа колку тие се разликуваат од останатите говори следниот графички приказ.rnrnТроловите на интернет се нарциси, психопати и садистиrnrnИстражувачите ја нагласуваат врската помеѓу „мрачната четворка“ на лични карактеристики и интернет тролањето со тоа што во својот труд напишале:rn
rn

„…врските помеѓу садизмот и резултатите добиени според мерилата за Глобална проценка на интернет тролањето е толку силна, што може да се каже дека онлајн троловите се прототип за најобичен садист… И троловите и садистите чувствуваат радост поради вознемиреноста на другите. Садистите сакаат само да се забавуваат… а интернетот е нивното место за забава.“

rnЗатоа, следниот пат кога некој трол ќе ве начека со неговата моќна тастатура, помислете на тоа дека не е до вас, туку тие се навистина тешки луѓе. „Битките“ на интернет се нивната радост, па затоа најдобро е воопшто да не им ја давате таа битка, туку да ги игнорирате.rnrnТроловите на интернет се нарциси, психопати и садистиrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.