Чизкејк од банана и пудинг за кој ви се портебни само 20 минути

Сподели

Овој вкусен десерт е одличен за љубителите на бананите и ванилата.

Реклама

rn

Потребни состојки:

rn

    rn 011

  • 200 грама сомелен интегрален кекс
  • rn 011

  • 30 грама шеќер
  • rn 011

  • 60 грама растопен маргарин
  • rn 011

  • 80 грама шеќер
  • rn 011

  • 40 грама брашно
  • rn 011

  • 1 прстофат сол
  • rn 011

  • 500 милилитри млеко
  • rn 011

  • 3 изматени жолчки
  • rn 011

  • 1,5 лажички екстракт од ванила
  • rn 011

  • 500 грама крем сирење на собна температура
  • rn 011

  • 4 исечени банани
  • rn

rn

Начин на подготовка

rn

    rn 011

  • Загрејте ја рерната на 250 степени.
  • rn 011

  • Во голем сад измешајте ги кексот и 30 грама шеќер и добро промешајте. Додајте го маргаринот и повторно промешајте. Ставете ја смесата во калап за торта или пита и притиснете ја.
  • rn 011

  • Печете околу 7 минути, односно додека не добие боја, а потоа оставете добро да се излади.
  • rn 011

  • За пудингот од ванила во големо тенџере измешајте 80 грама шеќер, брашно и прстофат сол. Измешајте го млекото со жолчките и постепено додавајте го во тенџерето. Гответе на тивок оган додека смесата не стане густа.
  • rn 011

  • Тргнете го тенџерето од оган и додајте го екстрактот од ванила.
  • rn 011

  • Добро измешајте го крем сирењето, па додајте го во пудингот и добро промешајте.
  • rn 011

  • На испечената подлога наредете од исечените банани, па прелијте со пудингот. Повторувајте додека не ја потрошите целата смеса. Горниот слој нека биде пудинг.
  • rn 011

  • Ставете го чизкејкот фрижидер и оставете го неколку часа.
  • rn

rnДоколку немате многу време за готвење, пробајте го овој мини чизкејк што се подготвува за само 5 минути.

Популарно

Може ќе ве интересира