КАФЕ ПАУЗА

7 причини поради кои ја губите желбата за секс

7 грешки поради кои ја губите желбата за секс

Иако љубовта е најважното нешто во врските, и страста има голема улога. Кога ќе исчезне страста, со текот на времето избледува и љубовта, а сигурно ни вие ни партнерот не го посакувате тоа. Ако сте забележале дека во вашата врска има сè помалку страст, можеби и сами сте криви за тоа. Следниве 7 грешки можат да ја „убијат“ вашата желба за секс.rnrn7 грешки поради кои ја губите желбата за сексrn

1. Диета

rnАко не јадете доволно и ако постојано сте гладни, може да ви се намали и либидото. Помалиот внес на калории во организмот го намалува и внесот на енергија. Поради ова губите „апетит“ за секс.rn

2. Недоволно спиење

rnАко спиете помалку од 5 часа дневно, доаѓа до намалување на лачењето на машкиот хормон тестостерон. Ова пак предизвикува намалена желба за секс. Недостатокот од сон е одговорен и за намалување на женското либидо.rn

3. Пилули за контрацепција

rnИстражувањата спроведени минатата година го потврдиле сомнежот дека контрацепциските пилули ја намалуваат желбата за секс кај жената.rn

4. Прејадување

rnАко сте склони кон прејадување, сигурно нема да можете да бидете активни во кревет по обилен оброк. Консумирањето намирници кои имаат премногу заситени масти директно влијае на дотокот на крв во половите органи.rn

5. Стрес

rnВо едно истражување, дури 60% од жените изјавиле дека заморот и стресот им се главни причини за намалената желба за секс. Истото важи и за намалената желба за секс кај мажите.rn

6. Депресија

rnОваа ментална состојба има големо влијание на либидото. Дури 70% од испитаниците во едно истражување кои имале депресија, изјавиле дека болеста им ја намалила желбата за секс. Исто така потврдено е дека ваков ефект имаат и некои антидепресиви.rn

7. Анемија

rnКај жените и анемијата може да биде одговорна за намалената потреба за секс. Можете да го решите проблемот со внесување повеќе железо.rnrnПогледнете и кои други нешта имаат негативно влијание на желбата за секс.