КАФЕ ПАУЗА

7 одлични причини зошто треба секојдневно да јадете мандарини

Богати се со витамин Ц, го штитат нашиот имунитет во сезоната на настинки, ни помагаат во одржувањето на витката линија и како дополнителен плус се многу вкусни. Секако, станува збор за мандарините, а зошто треба секојдневно да ги консумирате, прочитајте во продолжение.rnrn1-7-fantastichni-prichini-zoshto-treba-sekojdnevno-da-jadete-mandarini-www.kafepauza.mk_rn

1. Тие се добри за витка линија

rnКако идеално овошје за јакнење на имунитетот и одржување витка линија, мандарината со својот состав е слична на портокалот – обилува со витамин Ц и А, фолна киселина и калиум, а тука се и витамините од групата Б, калциумот, магнезиумот, цинкот, бакарот и железото.rn

2. Го намалуваат лошиот холестерол

rnИстражувањата покажале дека кожата на мандарината содржи хранливи состојки кои ефикасно го намалуваат „лошиот холестерол“.rnrn2-7-fantastichni-prichini-zoshto-treba-sekojdnevno-da-jadete-mandarini-www.kafepauza.mk_rn

3. Ја спречуваат дебелината

rnНаучниците од Универзитетот Вестерн Онтарио откриле дека хранливите состојки скриени во мандарините го спречува дебелеењето, како и нудат заштита од дијабетес тип 2 и артериосклероза. Станува збор за болести кои се одговорни за појава на срцев, но и мозочен удар.rn

4. Тие се идеални за подготовка на оброк

rnМандарината е овошје што можете да го користите и во разни јадења, особено во свежите овошни салати. Сокот од мандарина можете да го користите и во подготовка на јадења како тестенини, но и во подготовка на колачи. Исто така, сокот од мандарина можете да го искористите и при подготовка на јадења со пилешко и риба.rn

5. Мандарините можете да ги искористите и за кожата

rnОд мандарините можете да направите и маска за лице за здрав и блескав изглед на кожата. Земете четири парчиња мандарина, отстранете ги семките и изматете ги во блендер со една лажица јогурт и една лажичка мед. Нанесете на лицето и вратот и оставете да делува од 10 до 20 минути. Добро измијте го лицето, а маската можете да ја користите два пати неделно ако имате мрсна кожа и еднаш неделно ако имате сува или нормална кожа.rnrn3-7-fantastichni-prichini-zoshto-treba-sekojdnevno-da-jadete-mandarini-www.kafepauza.mk_rn

6. Мандарините го поправаат расположението

rnВерувале или не, мандарините можат да го поправат вашето расположените. Барем така тврдат докторите од клиниката Мајо. Мирисот на мандарина помага при стресот, депресијата и анксиозноста. Ако имате лош ден и сакате да се релаксирате, обидете се да го сторите тоа со помош на мандарините.rn

7. Потешките мандарини се подобри

rnКога купувате мандарини избирајте ги потешките, бидејќи содржат повеќе вода и сок. За да не ги изгубат вредните хранливи состојки, мандарините чувајте ги подалеку од директно светло. Консумирајте ги во рок од седум дена од денот на купувањето.rnrnОткако ќе ја изедете мандарината, никако не фрлајте ја нејзината кора, бидејќи таа ќе ве спаси од кашлица и болка во грлото.