Луѓето кои бесцелно флертуваат обично ги бие лош глас. Се смета дека доколку немате намера да прејдете од зборови на дела, флертот нема апсолутно никаква поента. Меѓутоа, според филозофот Алан де Ботон, тоа не е вистина.rnrn
rnrnФлертувањето е социјален процес од витално значење кој служи за зголемување на самодовербата и подобрување на расположението. Добронамерниот флерт претставува еден вид обид да им се даде поттик на луѓето да веруваат во сопствената психичка и физичка привлечност.rnrnОва објаснување за флертот на Алан де Ботон навистина звучи логично и чесно. Сетете се на последниот пат кога некој бесрамно флертувал со вас и вие сте возвратиле на флертот. Можеби сега не ви се допаѓа тоа што флертот не ве одвел никаде и не сте размениле ниту телефонски броеви, но мора да признаете дека добиеното внимание ви годело и сте се почувствувале убаво и задоволно од себеси барем за момент.rnrnСпоред сето ова, воопшто немојте да се двоумите дали да флертувате или не, бидејќи токму вашето внимание може да разубави нечиј ден! Погледнете го и следново видео кое ќе ви покаже како да станете одлични флертувачи…rnrnrnrnДоколку ви се допадна оваа тема, прочитајте кои се најчестите грешки во флертувањето на 20-годишниците.
Убедлив аргумент кој докажува зошто луѓето кои постојано флертуваат се подобри од останатите
