rnrn4. Цветните дезени не се само за веселите, летни денови, туку можете целосно да ги пренесете и во месеците кои знаат да бидат тмурни и сиви. Тоа е одличен начин да ја разбиете монотонијата и да создадете вистински баланс кој ќе влијае позитивно на вас, како и на целата околина.rnrn
rnrn5. Спојот на елегантното и спортското е нешто што модните блогери го претставија на модната сцена, а парчето облека кое на еден најдобар начин го опишува овој спој се широките панталони со линии од страните. Предвидуваме дека ова парче ќе биде еден од низата есенски трендови што и сега се носат во голема мера.rnrn
rnrn6. Секоја ваша модна комбинација, барем како што модните експерти велат, треба да ја надополните со соодветни аксесоари, а најдобри за есента ќе бидат модерните обувки со кои можете да ја „зачините“ секоја ваша комбинација, па со ова експериментирање можете да започнете уште денес.rnrn
rnrn7. И на крај, последниот, но не и најмалку важен тренд кога станува збор за есента која пополека се подготвува, е поврзан со чантите. Остри форми, едноставни дезени и бои, долги рачки кои се од синџири, е она што се одобрува од страна на модните експерти.rnrn
rnrnЗа поголема модна инспирација во текот на есента, погледнете ги овие впечатливи есенски модни комбинации на кои нема да можете да им одолеете.
7 есенски трендови кои можете да ги испробате на себе уште денес
