Во потрага сте по модерни, впечатливи и занимливи модни комбинации со кои ќе го освежите вашиот есенски изглед? Тогаш сте на вистинското место, бидејќи денес, како и секогаш, ви претставуваме неколку модни комбинации во кои со сигурност ќе уживате, а се подразбира – и ќе привлечете внимание!rnrn
rnrn1. Есента е вистинско време за тренди џемпери кои одвај сте чекале да ги облечете. Сепак, за да изгледате занимливо и тренди, едноставниот џемпер облечете го со панталони со должина 7/8 кои благо се прошируваат на крајот од ногавиците. Целиот стајлинг „зачинете“ го со впечатливи чизми во необичен дизајн.rnrn
.rnrn2. Фармерките се секогаш вистинскиот избор без разлика која прилика е во прашање. За лежерен, урбан изглед, облечете ги вашите омилени фармерки со удобен дуксер со занимлив натпис и задолжителната кожна јакна. Впечатливите чизми со необичен дизајн и овој пат може да бидат добар моден потег.rnrn
rnrn3. Понекогаш треба да додадете малку боја на есента. Па затоа, бидете смели и понесете силно црвен фустан, а овој стајлинг ќе биде уште повпечатлив ако додадете и занимлива бунда во темно зелена боја. Заедно со внимаелно избраните аксесоари вашиот изглед ќе биде просто совршен. Лежерно, а тренди и женствено!rnrn
rnrn4. Освен еднобојниот фустан, можете да бидете смели и во таа смисла да изберете впечатлив фустан со необичен крој. На пример, црн фустан со занимливи детали во вид на везови или геометриски шари. Ова може да биде одлично „освежување“ за вашиот есенски изглед.rnrn
rnrn5. Костумите и „бизнис“ комбинезоните можеби на прв поглед изгледаат монотоно и ниту малку занимливо, но секако дека ова е само на прв впечаток. Изберете занимлива комбинација на бои или пак впечатлив дизајн и ќе изгледате атрактивно дури и во „строгите“ работни комбинации.rnrn
rnrn6. Црно-белите комбинации успеваат во сите сезони и во сите годишни времиња, па така и кога е во прашање есента. Сепак, за да изгледаат занимливо и впечатливо, тогаш изборот на црните и белите парчиња облека нека биде сè само не класичен. Бидете смели и помалку авангардни, без оглед на тоа што избирате „само“ бела кошула и црни панталони. Уште еден сјаен додаток – маслинеста бомбер јакна!rnrn
rnrn7. Иако тесните фармерки во модниот свет полека одат во заборав, кај нас и понатаму се популарни. Искористете го ова и понесете ги во комбинација со контрастен преширок џемпер кој на вашиот изглед ќе му даде доза тренди лежерност. Сјаен избор за секој ден!rnrn
Впечатливи есенски модни комбинации на кои нема да можете да им одолеете
