Погледнете ги овие вежби со кои ќе ги обликувате вашите нозе за многу кратко време. Обидете се да направете барем 30 повторувања од секоја, и не заборавајте да се загреете пред да почнете со вежбање.rn
1. Исчекор со скок
rn
rn
- rn011
- Исчекорете напред со левата нога држејќи го грбот исправен, а десното колено држете го пониско од левото.
- Скокнете највисоко што можете и помогнете си со рацете.
- Сменете ги нозете додека сте во воздух, и „слетајте“ во позиција на исчекор со десната нога напред.
rn011
rn011
rn
rnПочнете со 10 до 12 повторувања и постепено зголемувајте ги повторувањата до 30.rn
2. Скок со стомачни
rn
rn
- rn011
- Малку свиткајте ги колената и ставете ги рацете назад.
- Скокнете нагоре и подигнете ги колената најмногу што можете.
rn011
rn
rnОваа вежба бара повеќе напор од другите. Ќе ви биде тешко да направите 30 повторувања првиот пат, па најдобро е да ги поделите во 3 сетови од по 10 повторувања, со пауза од една минута меѓу сетовите.rn
3. Подигнувања на ногата од страна (за надворешноста на бутот)
rn
rn
- rn011
- Легнете на десната страна и потпрете се на вашата рака. Ставете ја левата рака на подот пред вас.
- Бавно подигајте и спуштајте ја левата нога без нагли движења.
- Повторете со другата нога.
rn011
rn011
rn
rnОваа вежба е добра како за бутовите, така и за задникот.rn
4. Подигнувања на ногата од страна (за внатрешноста на бутот)
rn
rn
- rn011
- Легнете на десната страна и потпрете се на вашата рака. Свиткајте ја левата нога и поставете ја на подот пред вас. Држете ја во место со вашата лева рака.
- Полека кревајте и спуштајте ја десната нога без нагли движења.
rn011
rn
rnПовторете и со другата нога.rn
5. Исчекор со тегови
rn
rn
- rn011
- Држете го грбот исправен, а вашите раце покрај телото.
- Направете исчекор назад со десната, а потоа со левата нога.
rn011
rn
rnОбидете се чекорот да го направите подлабок со тоа што ќе ја свиткате ногата под прав агол. Наместо тегови може да користете шишиња од половина литар.rn
6. Чекор на страна со тегови
rn
rn
- rn011
- Ставете ја левата рака на вашата половина држејќи го тегот со десната.
- Исчекорете на лево со исправен грб и свртете го торзото во линија со десната нога.
- Допрете го левиот глужд со десната рака, држејќи ја десната нога исправена, а левата свиткана.
rn011
rn011
rn
rnПовторете и на другата страна. И овде наместо тегови може да користите шише од половина литар.rn
7. Подигнувања на ногата
rn
rn
- rn011
- Застанете на вашите дланки и на десното колено, а левата нога истегнете ја назад.
- Бавно подигнете ја левата нога а потоа вратете ја назад.
rn011
rn
rnПовторете и со другата нога.rnrnПогледнете ги и овие 12 едноставни вежби за послаби нозе и позатегнат задник!